Игра со пиење која можете да ја пробате за Св. Валентин и Св.Трифун

Св. Валентин полека се приближува и без разлика дали сте сингл, во кежуал врска или длабоко заљубени, можете да уживате во овој празник, но и во нашиот Св. Трифун.

singl-vo-kezual-vrska-ili-dlaboko-zaljubeni-igra-so-pienje-za-sv-valentin-i-sv-trifun-01

Голем број парови гледаат романтични филмови за време на овој празник, како своевидна верзија на „Netflix and chill“. Сега, замислете да гледате романтичен филм и плус да пиете.

Ако сакате да играте игра со пиење на Денот на вљубените, еве што ви е потребно и кои се правилата на игра:

Потребно:

  • Минимум 1 вино
  • Жесток пијалак кој се пие во шотови (препорачуваме текила како најдобар избор)
  • Романтична комедија

Правила:

Испијте 1 голтка вино:

- Кога било кој партнер од главната двојка направи нешто за што нормално би се јавиле во полиција (пример: да се појават непоканети на врата или во канцеларија, да фрлаат камчиња по прозорците, да демнат некого преку пријател...)

- Кога главната женска улога ќе се разбуди наутро и изгледа совршено

- Кога главната женска улога плаче и шминката ѝ останува недопрена

- Кога главната женска улога има маникир

- Кога другарката на главната женска улога се однесува дрско

- Кога главната женска улога прави нешто засрамувачко, но се доживува како слатко (пример: се опијанува, има храна меѓу забите...)

- Кога најдобриот пријател на главната машка улога го советува

- Кога главната машка улога игра кошарка 1 на 1 со најдобриот пријател

- Кога главната машка улога ќе запамети детаљ за главната женска улога (пример: нејзината омилена храна, омилен ресторан, омилена облека...)

- Кога било кој од главниот пар тврди дека не му се допаѓа другиот

- Кога било кој од главниот пар се труди да глуми силно, но некој го тера да се отвори

- Кога некој ќе спомне за работа од соништата во друг град на еден од припадниците на главниот пар

- Кога било кој од главниот пар доцни на работа

- Кога има куче (+2 голтки ако кучето е мамка за да го привлече партнерот)

- Кога има мало дете (+2 голкти ако детето е мудро и дава добри совети)

- Кога постара родителска фигура дава совети

- Кога пријателот/ката на главната машка/женска улога е заљубен/а во него/а

Испијте 1 шот:

- Во филмот глуми: Кетрин Хејгл, Дру Баримор, Метју Меконахи, Пол Руд (1 шот = 1 актер)

- Кога во кадарот е прикажан целиот град

- Кога било кој маж или жена се запознаат на романтичен начин (пример: во лифт, паднат едн на друг, на аголот од улицата...)

- Кога било кој партнер од главниот пар трча избезумено за да го пронајде другиот

- Кога било кој партнер од главниот пар се навраќа на поранешни партнери, но знае дека е погрешно

- Кога има хаос со кондом

- Кога едноставно недоразбирање кое може лесно да се реши го раскинува парот

- Кога било кој партнер од главниот пар сфаќа дека е заљубен во другиот

- Кога има сцена која покажува стара технологија (пример: телефони на отворање, пишување со caps lock, некоја праисториска форма на Messanger или е-маил…)

- Кога песната на крајот не соодветствува филмот

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Дехидрирана крв, пресадена рожница: Фотки кои покажуваат колку е чудно човечкото тело Сте виделе и како изгледа дехидрирана крв или, пак, рендгенска снимка од бебешка...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Работи кои ни беа норма во `90-тите и 2000-тите, но новите генерации тешко дека ќе ги преживеат „Денешните деца не знаат што значи да им биде навистина здодевно“. „Денешните...
„Ослабев 50kg со Оземпик - кога престанав да го користам, си ги вратив килограмите за 4 месеци“ „Јас сум меѓу првите луѓе во Британија кои користеле Оземпик. Почнав во 2022-ра,...

Најчитани неделава