30 работи кои може да ги правите секојдневно за да ја вратите вербата во човештвото

Постои љубов и топлина во сечие срце и секој од нас има можност и способност да ги сподели топлината и нежноста со светот - секој ден.

30-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-sekojdnevno-za-da-ja-vratite-verbata-vo-coveshtvoto-01.jpg

Постојат ситници кои можете да ги правите секојдневно за да разубавите нечиј ден. Зошто да не се обидете барем со една?

Листа на 30 работи кои можете да ги правите секојдневно за да разубавите нечиј ден:

1. Направете кафе или шолја чај за вашиот колега.

2. Купете или направете подарок за вашата мајка на денот на вашиот роденден. Тоа е посебен ден и за неа.

3. Кажете ѝ на касиерката во продавница дека има прекрасни обетки, дека навистина ѝ стојат.

4. Објавете слика на Фејсбук од деновите додека бевте во основно или средно училиште и тагнете ги старите пријатели со кои одамна не сте комуницирале.

30-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-sekojdnevno-za-da-ja-vratite-verbata-vo-coveshtvoto-1.jpg

5. Погледнете во вашиот гардеробер и одберете работи кои не ги носите - дајте ги на оние кои знаете дека им требаат.

6. Помогнете ѝ на постара личност да премине на пешачки премин или да искачи скали.

7. Ставете лајк на нечие селфи - дури и да не ви се допаѓа.

8. Дајте му до знаење на келнерот од ресторанот во кој секојдневно јадете, дека знаете колку е напорна неговата работа.

9. Оставете бакшиш заедно со порака за благодарност во следното кафуле или ресторан во кој ќе седнете.

10. Купете храна од најблиската пекара и дајте ја на бездомник.

11. Зборувајте со бездомник, откријте која е неговата животна приказна.

12. Ако имате пријател кој неодамна ја прекинал врската, најдете начин како да го расположите. Напишете ги на лист хартија сите доблести кои ги поседува за да знае дека е добра личност.

13. Насмевнете се на некој чие дете плаче (обично луѓето ги превртуваат очите кога ќе видат родител со расплакано дете, а тоа прави дополнително да се чувствуваат непријатно).

14. Прашајте некоја постара личност која е нејзината животна приказна и што правела на ваша возраст. Заинтересирајте се за работите кои има да ви ги каже.

30-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-sekojdnevno-za-da-ja-vratite-verbata-vo-coveshtvoto-3.jpeg

15. Гледајте ги омилените филмови или слушајте ги омилените песни на вашите родители. Потоа кажете им што ви се допаѓа во тие филмови или песни.

16. Кога сте во супермаркет дозволете ѝ на личноста со малку производи во рацете да помине пред вас.

17. Кажете им здраво на соседите иако не ги познавате.

18. Наминете до вашето училиште и кажете им на вашите професори или наставници што направиле за вас.

19. Пишете ѝ на личноста која некогаш ви помогнала со нешто и прашајте дали има потреба од тоа услугата да ѝ биде возвратена.

20. Кога ќе се сретнете со пријател кој одамна го немате видено, купете му подарок за да знае колку многу ви значи.

21. Ако видите човек чиј автомобил се расипал, излезете од вашиот и прашајте дали има потреба од помош.

22. Држете ја вратата отворена за некој кој е позади вас.

30-raboti-koi-moze-da-gi-pravite-sekojdnevno-za-da-ja-vratite-verbata-vo-coveshtvoto-4.jpg

23. Ако видите отпадок на земја, земете го и фрлете го во најблиската канта за отпадоци.

24. Ако видите дека некој се однесува неправедно со некого, застанете на страната на жртвата. Дури и да е тоа некоја личност која воопшто не ја познавате.

25. Дајте мал подарок на поштарот или чистачката во вашата канцеларија или на шоферот во автобусот со кој секојдневно се возите или било кој за кого ќе забележите дека секојдневно си ја извршува работата без приговор.

26. Кога возите, дозволете им на пешаците да поминат преку патот, дури и тогаш кога не мора да застанете.

27. Ако завршивте со читање на весник или списание, оставете го некаде на јавно место за да може некој друг да го прочита.

28. Понудете некому ситни парички, ако упорно бара во чантата за да ја плати сметката во супермаркетот.

29. Помогнете им на туристите да направат заедничка фотографија.

30. Оставете ги работите кои сакате да ги фрлите, но знаете дека можат да му користат на некого, покрај кантата за отпадоци.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 психолошки трикови за да ги препознаете луѓето што се лицемерни и глумат дека се фини Кои знаци откриваат дека личноста со која го поминувате времето е лицемерна и са...
Уринирал во јавност, живеел во буре: Кој бил старогрчкиот филозоф Диоген? Во областа на античката грчка филозофија, Диоген Синопски се издвојува како една...
Такси возило, ресторанско мени: Места кои изгледаат чисто, но имаат повеќе бактерии и од тоалетот Продавниците, но и некои ситници во домот можеби изгледаат чисто, но на нив сепа...
Бизарни (и застрашувачки) ментални нарушувања и болести Лицата со боантропија веруваат дека се животно, како крава или бивол, и некогаш ...
Селото со повеќе страшила отколку жители - секој кукла е направена по некој починат жител Во селото повеќе нема деца и има само 27 жители, но секоја година го посетуваат ...
Ескалатор со стерилизатор, хотел со 2 ката под вода: Фото-докази дека Кина е светлосни години пред н... Уникатна и на моменти нереална архитектура, библиотеки со милиони книги и барови...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg