Како старите и валкани предмети да изгледаат како нови?

6. Метални и челични садови

Потребни ќе ви бидат средство за дезинфицирање, ракавици, кеси за отпадоци и оцет. Нанесете тенок слој од средството за дезинфицирање, а потоа садот препокријте го со кесата за отпадоци.

Цврсто врзете ја тавата за што е можно побавно да се суши средството. Оставете го садот така цел еден ден, а потоа нанесете уште еден слој од средството и оставете ја уште еден ден.

Потоа нечистотиите измијте ги со вода, па садот наполнете го со оцет и вода (50:50) и тријте ја површината со метална мрежа. Загрејте ја рерната на 250 степени и оставете го садот во неа еден час. Откако ќе го извадите садот, нанесете тенок слој масло. Жешкиот метал ќе ја апсорбира потребната количина за масло, а остатокот избришете го со крпа.

Ставете ја тавата уште 15 минути во рерна свртена наопаку. Пројдете го и долниот дел со масло, избришете ја и уште 15 минути во рерна. Процесот повторете го двапати.

kako-starite-predmeti-da-izgledaat-kako-novi-6.jpg


7. Плочки

Фугите можете да ги исчистите едноставно само со обелувач и вода (50:50). Не заборавајте да ја ветреете собата додека ги чистите фугите.

kako-starite-predmeti-da-izgledaat-kako-novi-7.jpg


8. Бели старки или патики

Потребна ви е една лажичка средство за миење садови, три лажици хидроген и две лажици сода бикарбона.

kako-starite-predmeti-da-izgledaat-kako-novi-8.jpg


9. Кожен мебел

Од гребаниците на кожата можете да се ослободите со помош на маслиново масло. Со памукче поминете ја површината каде се наоѓаат гребаниците и оставете да се исуши маслото. Ако гребаниците сè уште се таму, повторете ја процедурата уште еднаш.

kako-starite-predmeti-da-izgledaat-kako-novi-9.jpg


10. Мебел од микрофибер материјали

Овој тип на мебел е тежок за одржување . Можете да употребите сунѓер и алкохол за да се ослободите од дамките кои се јавуваат со текот на времето. Оставете да се исуши алкохолот и потоа поминете го делот каде била дамката со четка.

kako-starite-predmeti-da-izgledaat-kako-novi-10.jpg


11. Кожени чанти

Нечистотите од омилената кожна чанта едноставно можете да ги исчистите со помош на влажни марамици.

kako-starite-predmeti-da-izgledaat-kako-novi-011.jpg

Н. Г. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Патување со крузер како од хорор-филм: 4.000 патници поминале 4 дена на море, без храна и функционал... Во 2013-та, патување со крузер се претворило во пекол откако бродот останал без ...
Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - вез... Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиоз...
Направила сообраќајка, викнала полиција, па исчезнала: Детали за еден од најпопуларните случаи на Ју... Пред нешто повеќе од две децении, Мора Муреј, која инаку била амбициозна студент...
Мрачната тајна на девојките во Дубаи кои се фалат со раскош и луксуз „Некои девојки имаат и по пет, шест клиенти во една вечер. Заработуваат многу и ...
Татко му го малтретирал, мајка му не го ни прегрнувала: Тажни детали од детството на кралот Чарлс Кога кралицата Елизабета се вратила од шестмесечна турнеја, не го прегрнала Чарл...
„Дознав дека маж ми е педофил – ми се гади од пораките што ги праќал до девојчиња, во затвор е за си... „Ми се јави сопругот и ми кажа дека го испрашувале во полиција. Бил под истрага ...

Најчитани неделава