Зошто сме опседнати со виралните трендови?

Реклами, реално шоу, маски за телефони, познати личности - каде и да погледнете, светот е полн со нови лудости. Колку всушност социјалните медиуми влијаат врз културата?

zosto-sme-opsednati-so-viralnite-trendovi-01.jpg

Виралната опседнатост се случува со “која е бојата на фустанот“, “каде е пандата на сликата“ и слични примери. Било да се работи за фустани или Ким Кардашијан, во текот на историјата често сме се среќавале со ваквите примери.

Со развојот на интернетот истите можат многу бргу вирално да се прошират, речиси низ целиот свет. За неколку часа, денови или неколку недели, нешто за што никогаш не би слушнале станува сеприсутно.

Луѓето го исмеваат, му се поклонуваат, го критикуваат и го „лајкаат и шеруваат“. Вашите пријатели се маѓепсани со овие работи, како и  вашите колеги, па дури и да не сакате да бидете дел од таа опсесија, едноставно не можете да ја избегнете.

Ако интернетот е стандардниот режим во светот, тогаш нашите умови константно се напаѓани од информации. Практички не манипулираат и влијаат врз нашите одлуки за тоа што да купуваме, јадеме или почитуваме.

Социјалните медиуми се местото на кое луѓето го поминуваат поголемиот дел од своето време. Истражувањата покажуваат дека просечен човек го започнува и го завршува денот на неговиот мобилен телефон, односно го гледа својот телефон 140 пати во текот на денот.

Се чини дека новата генерација е генерација на нарцизмот. Што овие трендови всушност прават за нашата самопочит? Веќе знаеме дека тинејџерите кои поминуваат многу време правејќи “селфиња“ се опседнати со својот изглед, поради што се изложени на зголемен ризик од депресија.

Со желба да ја одобрат и “лајкаат“ секоја слика која ќе ја објавите на Фејсбук или Инстаграм можете да ја оштетите самодовербата.

Едно истражување спроведено на 1.000 мажи на возраст од 18 до 40 години процени колку автопортретите влијаат на самите личности. Учесниците исто беа прашани колку време поминуваат на социјалните медиуми и колку често објавуваат свои слики.

Резултатите покажале  дека оние кои трошат повеќе време на социјалните мрежи имаат високо ниво на авто-објективизација и нарцизам.

Социјалните медиуми и предизвици го промовираат споредувањето на телото што може да доведе до психолошки проблеми кај младите или со нарушувања во исхраната и промовирање на нездрав изглед на телото.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 катастрофални онлајн нарачки, што ќе почнете да се смеете од мака „Порачав патики и кога стигнаа, сфатив дека двете се леви“ - сте добиле ли и вие...
5 можни причини зошто домот ви е во хаос, а не се мрзеливост Имате депресија или можеби минувате низ голема животна промена – ако хаосот во д...
Чудното исчезнување на актерот од Beethoven: Му го нашле автомобилот на раскрсница, 2 децении го нем... Џо Пичлер, најпознат по улогата во две продолженија на филмот Beethoven, се прос...
Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е де... „Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна ...
Експерименти со деца, телепатија: Лудата теорија на заговор што е инспирација за Stranger Things Позната како Проектот Монток (Project Montauk) во оваа теорија на заговор има од...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава