Музиката влијае на вкусот, вино од тигрова коска: Чудни факти за виното

Бенџамин Френклин еднаш славно изјавил дека виното е „постојан доказ дека Бог нè сака и сака да не види среќни“.

Cudni-prikazni-za-vinoto

Без сомнение, виното е еден од најомилените пијалаци на сите времиња, а се користи во христијанските обреди, паганските прослави, ресторани...

Ова се најчудните приказни за виното:

Заблагодарете им се на осите за виното

Никој не ги сака осите. Но, дали знаевте дека во текот на летото габата Saccharomyces cerevisiae расте на лозјето? Ова е основната состојка за производството на виното, пивото и лебот.

Оситего сакаат грозјето, а кога ова овошје зрее во текот на летото тие го јадат и со него ги хранат своите ларви.

На тој начин ги пренесуваат габите на нивните ларви. Кога ларвите стануваат зрели тие повторно ги враќаат габите на лозовите насади.


Музиката влијае на вкусот на виното

Како дел од експеримент, истражувачот Адријан Норт од Универзитетот Хериот Ват направил мал тест. Тој ја класифицирал музиката во повеќе категории: моќни и тешки, суптилни и рафинирани, освежувачки и интересни и весели.

Во втората фаза, тој барал од 250 испитаници да пијат вино додека ја слушаат претходно класифицираната музика. Ова истражување даде интересни резултати.

На пример, кога луѓето пиеле црвено вино додека ја слушале „Кармина Бурана“, 60% од испитаниците вкусот на виното го опишале како моќно и тешко. Значи, следниот пат кога ќе одите во ресторан, обратете внимание на позадинстата музика. Истата може да го промени вашиот вкус.


Вино од тигрова коска

Постојат многу видови на вино, од канадско вино направено од ферментирани домати до вино направено од коски на тигар. Се работи за кинески изум.

Иако ова вино е илегално од 1993-та година, сé уште е многу популарно. Наводно, овој пијалак може да излечи артритис и треска. Ова вино го пијат само богатите и важните личности, бидејќи со него го означуваат својот статус во општеството.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летни маки што им се добро познати на сите кои живеат во град, низ илустрации Треба психички да се подготвиме пред секое влегување во автомобил, а кога навече...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
„Ако сте љубезни со непознати, а дрски дома - Вие не сте добра личност, само градите лажен имиџ“ „Можете да бидете љубезни кон животните, кон продавачите, кон секој странец кој ...
Каков ракопис имале познатите историски жени: Мерилин Монро неразбирлив, кралицата Елизабета I - вез... Мерилин Монро имала ракопис кој аналитичарите го поврзувале со нејзината анксиоз...
Бонтон правила за јадење во ресторан со кои ќе делувате како отмена личност Не дувајте на храната за да ја изладете и немојте однапред да го сечете целото ј...
„Дигитални номади“ за тешката страна на нивниот живот: „Убаво е само ако имаш многу пари“ „Повеќето од нас се осамени бидејќи односот со луѓето што ги запознаваме е генер...

Најчитани неделава