Лесно е да бидеш школуван, тешко е да бидеш образован

Школувањето се постигнува со бубање и упорност, образованието се стекнува со непрестанато ширење на видиците, љубопитноста и желбата од себе да направиш сестрана, квалитетна личност.

lesno-e-da-bides-skoluvan-tesko-e-da-bides-obrazuvan-001.jpg

Голем проблем е што денешната младина не чита. Скоро никогаш. Тоа се луѓе на кои им останува иднината, кои утре ќе управуваат со светот, ќе ги учат нашите деца.

Денес на луѓето им е тешко да прочитаат било што подолго од 3 реченици.

Една работа е што со нечитањето си го кратиме знаењето, а сосема друга работа е тоа што остануваме без чудесните светови кои книгите ни ги носат.

Она што најчесто го слушаме е „Кој ќе чита, види колку има“...

Од една страна не сме свесни за фактот дека тоа што не се образуваме значи дека стануваме безоблична маса без сопствено мислење. Од друга страна, речникот ни се сведува на пцовки и жаргонски изрази. Ретко кој денес е сигурен дали правилно се пишува незнам или не знам.

Сите сме имале прилика да се увериме дека факултетот не значи ама баш ништо, односно школуваната личност не мора задолжително да биде и образована. Има звање, но нема знаење.

Некој ќе каже дека читањето е губење време. Мене често ми кажуваа дека го идеализирам светот токму заради тие мои книгички, дека сè гледам од поведрата страна затоа што сум прочитала премногу бајки.

Само се прашувам, кој губи тука?

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави фотки што ќе ви го покажат минатото од друга перспектива Убиецот Тед Банди како си игра со ќерката на негова девојка, морничава маска што...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
10 реални ситуации што може да ви се случат кога ќе отидете во продавница „само по леб“ Одите во продавница по пижами со надеж дека нема да сретнете никој познат или со...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Освои 2,4 милијарди долари, го обвинуваа дека го украл добитното ливче: Кој е најголемиот добитник н... Во 2022 година, Едвин Кастро од Калифорнија освои 2,4 милијарди долари на лото. ...

Најчитани неделава