Како да започнете и да се придржувате до нова навика?

Само што влеговме во март и новогодишните резолуции полека, полека почнуваат да избледуваат и да се прекршуваат. А зошто? Дали ги направивте за да ги прекршите?

motivirajte-se-sebesi-da-bidete-podobri-kako-da-zapocnete-i-da-se-pridrzuvate-do-nova-navika-01

Претпоставуваме дека одговорот на минатото прашање е негативен. Едноставно сте ги донеле резолуциите без да бидете свесни дека навистина треба да ги одржите.

Еве неколку совети како да започнете навика и како да се држите до неа:

1. Сакајте се себеси

Ако не се придржувате до навиката, постои едно нешто кое ќе ве спречи или да ве натера да ја постигнете целта – а, тоа е љубовта. Ако не се сакате себеси, тогаш ќе сметате дека не го заслужувате нештото – што значи дека на крајот нема да успеете за да си докажете дека сте во право.

Сепак, љубовта функционира на мистериозни начини. Само затоа што не ја сакате естетиката на вашето тело, не значи дека не го сакате вашиот мозок. Токму затоа, имате најдобро платена работа, но 5 години не сте биле во сала за вежбање.

Луѓето растат со различни лузни – некои се чувствуваат дека не заслужуваат убава врска (без разлика дали со пријател или со партнер), а некои дека не заслужуваат среќа, пари... И не станува збор само за тоа што сметаат дека не го заслужуваат тоа, туку пораснале со идејата дека не може да имаат сѐ.

Можеби мислите дека тоа не е поврзано со љубовта, туку со неспособноста. Но, вистината е дека ако се сакате себеси ќе престанете да мислите дека не можете да направите или да бидете нешто. Љубовта е магичен лек кој ги лекува сите болести.

Значи, првото ветување што мора да го направите е да се сакате себеси. Тоа бара терапија, време посветено на себеси – минимум еднаш неделно, пријателите постојано да ви кажуваат дека ве сакаат, да одите на масажа и едноставно да прифатите дека сѐ уште не знаете како да се сакате, но дека сте спремни да дознаете.


2. Одберете да создавате навики кои ги сакате

Некои луѓе имаат идеја дека треба да започнат да пешачат секој ден. Единствениот проблем е што мразат пешачење. За кратко време ќе почнат да одат по скратени патчиња, ќе го паркираат автомобилот што е можно поблиску или ќе бидат премногу зафатени за да одвојат време за таа прошетка.

Ако не го сакате, тогаш не го започнувајте. Постојат милион начини како да се движите, а не вклучуваат пешачење.


3. Дозволете си да бидете величани

Животот е многу полесен кога имаме поддршка. Кога станува збор за целите и создавањето на нови навики, постојат онлајн алатки т.е. апликации кои ви испраќаат мејл прашувајќи ве дали го направивте она што го ветивте.

Исто така, постојат професионални животни тренери, но и пријатели и семејство. Тие најдобро ќе ви кажат кога сте „паднале“, но и кога сте биле најдобри. Тие се тука да ве развеселат кога нештата ќе станат тешки. Што значи, имањето поддршка ќе ве направи многу помотивирани да се придржувате до вашата нова навика.

Чувството на исполнетост е добро. Величањето е добро. И како што работите, ако има отпор, односно сметате дека треба да се откажете, тогаш тие можат да исчезнат, благодарение на поддршката од пријателите, семејството и тренерот.

Иако е лесно да се придржувате до навика која навистина ја сакате ако се сакате себеси, на крајот таа навика може да предизвика да се сакате себеси.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие... „Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав...
Кендал Џенер и „клетвата на Кардашијанс“, враќање на Backstreet Boys: Најдобрите реклами за Super Bo... Рекламата со Кендал Џенер е веќе меѓу најпопуларните – ријалити ѕвездата ја спом...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Вирална објава на учител: „Барав учениците да напишат што им тежи - раскажаа за неправди, болести, с... „Работам во училиште како наставник 22 години. И вчера, ми се чини, доживеав еде...
Ракоплескање откако авионот ќе слета и уште 8 „учтиви“ работи што ги нервираат стјуардесите (и други... Немојте да ја преуредувате преградата за рачен багаж. Ако нема доволно место, не...
12 фотки направени во „вистински“ момент - Ќе ги протриете очите за да сфатите што гледате Умот понекогаш си игра со нас, особено кога ќе видиме нешто, па мора да застанем...

Најчитани неделава