5 начини како да престанете да чувствувате постојан притисок

Често, опкружени со бројни медиуми и социјалните мрежи кои ни праќаат слика за совршеност, потсвесно си создаваме притисок дека треба да бидеме совршени пријатели, мајки, жени, ќерки...

5-nacini-kako-da-prestanete-da-cuvstvuvate-postojan-pritisok-01.png

Тој притисок, научно докажано, со текот на времето го испраќаме надвор како голема експлозија, често во прилика и пред луѓе кои воопшто не се виновни за нашата состојба.

Па, за да бидете среќни и полесно да се борите со притисокот, имајте на ум 5 работи:

1. Никој не е совршен

Повторувајте си го ова одново и одново. Денот има само 24 часа и не можете сè да направиме совршено како што се очекува и тоа е сосема во ред. Научете ги вистинските вредности и внимателно насочете се кон нив.


2. Престанете со нереалните очекувања

Ако сакате да почнете да вежбате денес и за месец дена да имате видливи резултатите – се лажете. Посакуваните резултати не треба да ги форсирате и да се чувствувате лошо и неудобно поради неостварените резултати.


3. Престанете да ги слушате другите

Никој не може да ви каже, доколку вие сте среќни, дека вашиот слободен статус не е во ред, вашата фризура, навиките... Не треба да добиете потврда од вашите пријатели, семејството или останатите луѓе за работите кои сакате да ги правите и преку кои се чувствувате самоуверени.

5-nacini-kako-da-prestanete-da-cuvstvuvate-postojan-pritisok-2.png


4. Поединечните грешки не се толку важни

Често ви се случува додека работите да направите по некоја мала грешка и поради тоа да се чувствувате лошо и под притисок? Тогаш длабоко вдишете и запрашајте се – дали таа грешка има големи последици? Дали ќе се сеќавате на неа за година дена? Научете од грешката и продолжете понатаму.


5. Креирајте своја инспиративна мисла

Мала слатка изјава на која ќе се сеќавате секој ден кога ќе почнете да паничите.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
8 навики кои изгледаат безопасно, но ви ја уништуваат самодовербата Се извинувате за буквално сè и толерирате непочитување, наместо да се одбраните....
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Изгледаш добро за годините“ и уште 8 најглупави коментари кои ги добиваат жените во Македонија Иритантен коментар во Македонија e кога маж е дома со децата, додека жената е из...
Грешки со кои им ја олеснувате работата на крадците кога сте на патување Не го прицврстување телефонот со ремче или нешто слично додека фотографирате нао...
Како да се спакувате во една торба (или рачен багаж) за одмор? Спакувајте се во што е можно полесна торба и размислете дали некои продукти, как...

Најчитани неделава