Никому не треба да простувате туку така, посебно не на маж

Простувањето и потрагата по тоа некој вас да ви прости е духовна работа, но делува само тогаш кога другата личност е на исто ниво на вредности и развој како и вас.

zoshto-nikomu-ne-treba-da-prostuvate-tuku-taka-posebno-ne-na-maz-01.jpg

На повеќето разумни луѓе веќе им е јасно дека простувањето и молбата некој да ви прости делува благотворно. Простувањето ја прочистува душата, ја ослободува лутината, помага во меѓусебното разбирање и во постигнувањето на хармонија во сопствениот живот.

Во текот на многу години, искуство со психоанализа, медитација и друг тип на работа на себе и своите емоции, кај мене се јави едно јасно објаснување - не треба на човекот да му простувате, ако ништо не направил за тоа. Ако не рекол, не замолил или не покажал дека се кае за постапките.

Ова посебно важи за мажите. Тоа е на еден начин неморално. Поттикнува да сфати дека има дозвола и достапност на и за сè. Простувањето без другата личност да покаже каење укажува на отсуство на лични граници и му дава на човекот можност да постапува со вас како сака.

Да простувате и да барате некој да ви прости е духовна работа, како што веќе знаеме, но делува само ако емоциите се еднакви и кај двете личности.

Можеби се прашувате зошто баш не на мажите? Тоа е така затоа што уште од мали, повеќето се воспитувани да добиваат пофалби и критики само за нивните дејства, а не и за внатрешната состојба. За нив нормалана е логиката дека треба нешто да направат, за да треба да им се прости.

Ако жената простува туку така, без да добие знак за каење, тоа дополнително се вклопува во машкиот свет.

Затоа, не простувајте, доколку истото не тропне прво на вашата врата.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Coca Cola ја донесе божиќната магија – рекламата повторно со AI, делува како бајка од Disney филмови... Панди, фоки и други животни се главни ликови во новата божиќна реклама на Coca C...
Вистински хорор-приказни од операции и процедури за убавина (направени во непроверени клиники) „Целата ситуација беше како пекол. Се сеќавам дека се погледнав во огледалото и ...
Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава