Доказ дека никогаш не можете да им верувате на очите

Видното поле на секој човек изнесува околу 190 степени, а тоа е далеку од совршено и можеби затоа понекогаш гледаме работи кои реално не постојат.

dokaz-deka-nikogas-ne-mozete-da-im-veruvate-na-ocite-01.jpg

Сега имаме и забавен начин да ви го докажеме тоа.

Сè што треба да направите е да се фокусирате на белиот плус на средината на сликата без да го тргате погледот.

По извесен период ќе забележите дека обичните ликови се претвораат во чудовишта.

dokaz-deka-nikogas-ne-mozete-da-im-veruvate-na-ocite-2

Ликовите почнаа да се изобличуваат? И колку подолго гледате во плусот, толку поголемо е изобличувањето.

Зошто се случува ова?

Во нашата мрежница има површина која се нарекува жолта дамка. Таа содржи најголем број рецептори во окото, благодарение на кои гледаме многу појасно.

Да ја наречеме оваа површина основа на видното поле. Таа покрива околу 10% од целосното видно поле и покажува точно на што се фокусирани нашиот очи.

Во овој случај, основата на видното поле е празна, има само црна површина и плус.

Мозокот се обидува да прибере што е можно повеќе информации од околината, а во овој случај тоа се сликите кои се менуваат од двете страни. Мозокот се обидува да ги искомбинира во една јасна слика и да ги испроцесира во многу краток временски период, па тука настанува проблемот.

Проблемот е во тоа што способноста за препознавање се губи, па на крајот гледаме слики од чудовишта, наместо од нормални ликови.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава