Бои за поголема енергија

boi-za-pogolema-energija-povekjeДенес се почесто луѓето се жалат на проблеми со спиењето, умор, изнемоштеност, нервоза и раздразливост, недостиг на енергија. Фенг шуи...

 

...може да помогне во пребродување на овие симптоми кои влијаат на нашето физичко и ментално здравје. Тоа не може да ја излечи депресијата, но може да направи окружување кое ќе ја поттикне нашата животна енергија.

boi-za-pogolema-energija

Така, покрај внесувањето на природни извори на витамини и антиоксиданти (јаболки, цитрони и останато овошје и зеленчук) потребно е да го преуредите вашиот дом.

Научно е докажано дека боите делуваат на нашата психофизичка состојба. Преку нив можеме да го намалиме негативното расположение и немоќноста.

Три бои кои значително го подобруваат расположението се црвената, жолтата и зелената. Во природата боите ги поврзуваме со нивниот извор и пораката која ни ја дава истиот.

На пример: Сонцето го перцепираме како жолто. Заради тоа жолтата боја ни праќа порака на светлина и сјај. Сончевата светлина поттикнува создавање хормони на расположението кои овозможуваат оваа боја да ја поврзуваме со оптимизмот.

Црвената боја праќа порака која не поттикнува на акција, возбуда и ентузијазам.

Пигментот кој дава боја на 90% од билките, хлорофилот, е со зелена боја.

Хлорофилот содржи ензим кој го поттикнува растот и развојот. Зелената боја се поврзува со раст и обнова, неопходни за поттикнување на нашиот дух и позитивното расположение.

Затоа, се препорачува да внесете свежа зелена, жолта и црвена и во вашиот дом. Може дел од ѕидовите, теписите или постелнината.

Би можело да ве интересира:

„Купив близнаци од интернет за 8.000 евра – ме осудуваа, но не погрешив“: Детали за најголемиот скан... Во раните 2000-ти, Британката Џудит се најде среде најголемиот скандал со посвој...
Што се читаше најмногу на CRNOBELO.com во 2025-та? Трагедијата што ја погоди Македонија остави голема трага врз 2025-та, но никогаш...
Починала во својот дом, ја нашле три децении подоцна: Детали за една од најчудните мистерии од поран... Хедвига Голик починала во 1960-тите или 1970-тите, во нејзиниот стан во Загреб. ...
Стигнаа и во Македонија: Која е приказната зад Labubu играчките, со кои сите се „опседнати“? Моментално, еден од најголемите трендови се Labubu играчките кои потекнуваат од ...
Која температура на водата е најпријатна за бањање во море (и кога е безбедно за бебиња и деца)? За возрасните, водата е најпријатна кога има 25-26 степени Целзиусови. Но, повеќ...
10 фото-докази дека реалноста често може да нè разочара повеќе од очекуваното „Порачав играчка за кучето. Едно што не е иста, туку толку се плаши од неа, што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg