9 однесувања кои откриваат многу повеќе за личноста отколку што можеме да замислиме

Оние навидум неважни работи и навики на личноста, можат многу да откријат за тоа каков карактер има.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-01.jpg

На пример, начинот на кој се смее, како се поздравува, какво кафе преферираа...

Сите овие на прв поглед, неважни карактеристики одредуваат за каква личност станува збор.

Како се смее и како ги изразува емоциите?

Кога некој се смее искрено се појавуваат линии на нивните усни и очи. Кога насмевката не е искрена, линиите се појавуваат само околу усните. Кога личноста е исполнета со моќни емоции, нивните очи стануваат влажни и мораат да голтаат повеќе плунка. Ако само една работа од овие недостасува, тогаш емоциите не се искрени.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-1.gif

Како се поздравува со другите?

Силното ракување покажува дека личноста е ектроверт кој јасно сака да ги изразува своите емоции.

Ако некоја личност ја става раката на вашето рамо кога се сретнува со вас, или навистина ѝ се допаѓате или личноста е манипулатор по природа.

Ако при ракување ве фати со двете раце, тогаш или има некаков предлог за вас, или сака да ви испрати некоја порака.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-2.jpg

Колку често го проверува телефонот?

Колку почесто личноста го проверува својот телефон за некакви нови информации, мејлови или нешто слично, толку е поголема шансата дека станува збор за депресивна личност која бара некаква надворешна стимулација.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-3.gif

Како прави селфи?

По правило, луѓето кои ја држат камерата од доле имаат попозитивен поглед на животот и тоа што се случува околу нив.

Луѓето кои се многу сериозни или изгледаат одговорно, не сакаат да им дозволуваат на другите на социјалните мрежи да им се доближат и најчесто се сликаат така да не може да се забележи каде се наоѓаат.

Од друга страна, личноста која има ексцесивна потреба да се слика и да прави „duck face“ страда од чести нервозни тензии.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-4.jpg

Како се однесува на маса?

Луѓето кои мораат храната која име во чинија да ја сечат на мали парчиња имаат тенденција да бараат долготрајна врска и да го живеат животот контролирано онака како го испланирале.

Од друга страна, личноста која ги меша сите делови од храната во една чинија е силна личност. Истата презема многу одговорности и секогаш е насочена кон решавање на проблемите.

Оние кои јадат многу брзо се добри во мултитаскинг - ја почитуваат својата работа, компетентни се и никогаш не пропуштаат крајни рокови.

Луѓето кои јадат бавно живеат во сегашноста и уживаат во животот.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-5.jpg

Како разговара?

Ако личноста често го употребува зборот „Јас“ кога раскажува приказна, постои поголема шанса да ја кажува вистината.

Но, ако го употребува овој збор во секоја околност, тогаш може да станува збор за егоистична личност.

Ако личноста често го употребува зборот „ние“, тоа значи дека зависи од својот социјален круг.

Интересно е што колку е постара личноста, толку повеќе употребува минато време, а помалку иднина.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-6.jpg

Како јаде пуканки?

Истражувањата покажуваат дека интровертите внимателно го јадат секое парче пуканка одвоено.

Екстроверите од друга страна пак, јадат полна рака пуканки.

Оние кои многу брзо ја јадат целата порција се несебични и многу се грижат за добросостојбата на оние околу нив.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-7_copy.jpg

Какво кафе преферира?

Еспресото го преферираат лидери, но оние пак, кои сакаат да следат одреден лидер, често одбираат двојно еспресо.

Оние кои обожаваат кафиња кои содржат млеко тешко одлучуваат и природно, се многу полежерни и флегматични во животот.

Луѓето кои се социјални, комуникативни и секогаш пријателски настроени, одбираат капучино, а авантуристите фрапучино.

Обичното црно кафе го одбираат оние кои знаат што сакаат во животот и кои ретко прават нешто невообичаено за нив.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-8.jpg

Во која насока ѝ е погледот додека пие?

Луѓето кои зјапаат во чашата се фокусирани и аналитички размислуваат.

Оние кои гледаат над шолјата почесто дозволуваат другите да влијаат на нив, но и се далеку посвесни за тоа што се случува околу нив.

Ако личноста ги затвора очите додека пие, можеби се соочува со некаква болка или бара начин да се релаксира.

9-odnesuvanja-koi-otkrivaat-mnogu-povekje-za-licnosta-otkolku-shto-mozeme-da-zamislime-9.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев срамежливa 20 години - Како си ја зголемив самодовербата и престанав да се срамам? Секогаш бев она дете кое седи само во клупа. Срам му е да крене рака да одговара...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
7 бон-тон правила за во ресторан и на свечени настани Ако сте на свечен настан со шведска маса, едната рака секогаш нека ви биде слобо...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg