Психолошки трикови како да бидете задоволни со она што го имате во животот
Понекогаш животот ни се чини како постојана борба со емоциите, мрзеливоста и незадоволството. И победата не е наша страна.

Во секој случај, колку и да мислите дека никогаш нема да живеете среќен живот исполнет со задоволства, постојат психолошки трикови со кои ќе ја надмудрите негативноста на умот.
1. Третирајте се со поголема почит и негувајте симпатии кон себе, своето тело и својот дух.

2. Не се залажувајте со „бесплатните“ работи, дури и ако тоа се чоколатцата во маркетот.

3. Читајте книги, но не се претрупувајте до степен што ви предизвикуваат стрес. Доволни се 10-12 страници дневно за да го размрдате мозокот.

4. Тренирајте го умот, не само телото.

5. Не разговарајте додека сте во теретана. Договорете трач-партија по напорниот тренинг.

6. Игрите на мобилен заменете ги со попаметна алтернатива - спорт во природа.

7. Кога ќе се соочите со тешка задача, поделете ја на делови. Ова ќе му помогне на умот да не ја гледа како целина, туку како „ситници“ кои можете да ги завршите додека трепнете.

8. Организирајте се така што сè ќе запишете. Не оставајте ништо на случајноста или на „паметам, не сум толку заборавен/a.“

9. Престанете со јадење во првиот момент штом се почувствувате сити. Не продолжувајте да јадете само затоа што храната ќе остане или ќе се фрли.

10. Заспивајте во темни простории. Без електронски уреди. Евентуално со книга и запалена ламба.

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението)
Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“
„Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува
За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни)
Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре...
Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност
Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...