Искрено писмо до новата девојка на поранешниот - „Благодарна сум што постоиш“

„Сакајте повеќе, мразете помалку“ - е пораката која ја испрати разведната мајка Одри Никол.

iskreno-pismo-do-novata-devojka-na-poraneshniot-blagodarna-sum-shto-postoish-01.jpg

Таа, наместо да биде огорчена заради новата жена во животот на нејзиниот поранешен сопруг, е среќна затоа што новата девојка се грижи за ќерка ѝ Рајли Грејс, како да е нејзина ќерка.

iskreno-pismo-do-novata-devojka-na-poraneshniot-blagodarna-sum-shto-postoish-1.jpg

Па, тоа решила и јавно да го признае на нејзиниот Фејсбук профил и јавно да ѝ се заблагодари на новата девојка на нејзиниот поранешен сопруг:

„Ова е девојката на таткото на мојата ќерка. Таа е најслаткото нешто. Многу сум благодарна што постои, затоа што кога ќерка ми го посетува нејзиниот татко, таа ја рани ќерка ми, се грижи за неа, ѝ купува подароци - во основа се грижи за неа како да е нејзина сопствена ќерка.

iskreno-pismo-do-novata-devojka-na-poraneshniot-blagodarna-sum-shto-postoish-2.jpg

Зошто мајките се љубоморни и гневни кон другите жени? Никој не може да каже дека е лесно да се обидувате да бидете мајка на дете кое го немате. Па, кога другата жена се обидува, бидете трпеливи.

Затоа што, не ви треба драмата после која останувате со „лоша маќеа“.

Да постои и таа можност. Сум видела дете со две мајки. Во моите очи, колку повеќе луѓе го сакаат вашето дете, толку и самото е посреќно!!!

Никогаш не би направила новата девојка да се чувствува како непознато лице, напротив, многу сум благодарна за оваа девојка.

iskreno-pismo-do-novata-devojka-na-poraneshniot-blagodarna-sum-shto-postoish-3.jpg

Дами, пораснете и фокусирајте се на тоа да бидете добри мајки, без грижа за тоа што има на Фејсбукот или Инстаграмот на новата девојка на таткото на вашата ќерка. Сакајте повеќе, мразете помалку!“

" data-width="630" data-show-text="true">
:0" class="fb-xfbml-parse-ignore">

 

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...

Најчитани неделава