2016-та година дава збир од озогласениот број 666 - Кое е неговото мистериозно значење?

Сите имаме слушнато за озлогласениот број 666, којшто како загатка се споменува во Новиот Завет како бројот на ѓаволот или во последно време познат како бројот на антихристот.

2016-dava-zbir-od-osoglaseniot-broj-666-koe-e-negovoto-misteriozno-znacenje-01.jpg

Многу коинциденции се поврзуваат со овој број. Атомите на јаглеродот, главниот градежен елемент на животот имаат по шест протони, шест неутрони и шест електрони во нивната најчеста форма.

Има многу историски датуми коишто се поврзуваат со овој број, меѓу кои најпознат е големиот пожар во Лондон во 1666 кога 4/5 од градот изгореле, а следел по катастрофалната епидемија на чума во 1665.

Дури и годинава којашто изминува дава збир од броевите 666. Дали со овие податоци може да се појаснат сите катастрофи на светско ниво кои беа составен дел од оваа 2016-та година?

Бројот 666 се споменува и во филмот „The Omen“, во кој бројот се појавува на вратот на демонското. Во книгата „Кодот на Да Винчи“, Ден Браун го користи како објаснување на златната или божествена пропорција и се вели дека мистериозно постои на разни места во природата.

Дури и американскиот претседател Роналд Реган, кога се пензионирал во последниот дом во Калифорнија, ги натерал властите да го сменат бројот на адресата од 666 во 668 St. Cloud Road.

Сепак, најдоброто објаснување за бројот се наоѓа во книгата во која истиот прв пат се спомeнува. Имено, во Новиот Завет којшто оригинално е напишан на старогрчки, броевите се напишани како букви, а употребените букви за бројот 666 се на хебрејски.

2016-dava-zbir-od-osoglaseniot-broj-666-koe-e-negovoto-misteriozno-znacenje-02.jpg

Овде се наоѓа всушност објаснувањето за значењето на бројот. Реченицата во библијата гласи: „Кој има ум нека го пресмета бројот на Ѕверот, зашто е број на човек, а неговиот број е: шестотини шеесет и шест.“

Кога бројот 666 ќе се пресмета од буквите напишани на хебрејски, се добива името Neron Kesar, што е хебрејското пишување на озлогласениот римски император Нерон.

2016-dava-zbir-od-osoglaseniot-broj-666-koe-e-negovoto-misteriozno-znacenje-03.jpg

Сега е веќе многу појасно значењето на бројот и зошто е така загадочно претставен во библијата. Сепак, никој не сака да биде прогонуван од властите затоа што напишал книга во којашто вели дека „коренот на сето зло е императорот Нерон“.

Дали сметате дека има вистина во злокобниот број 666 или е само параноична измислица? 

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Алфред Нобел - динамит: Генијалци кои зажалиле за изумите што ги направиле славни Алфред Нобел е креаторот на Нобеловата награда, но и личноста што го измислила д...
Немаат тоалети и храна, постојано ги тепаат: Како изгледа престојот во најозлогласениот затвор во Ду... Затворот Al-Awir во Дубаи е вистински кошмар, а токму овде завршуваат повеќето з...
Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмско... Озлогласениот наркобос Ел Чапо се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, це...
Експерименти со деца, телепатија: Лудата теорија на заговор што е инспирација за Stranger Things Позната како Проектот Монток (Project Montauk) во оваа теорија на заговор има од...

Најчитани неделава