Хуман гест од кој треба да учиме: Како да им помогнеме на бездомниците кога се смрзнати?

Борбата за живот понекогаш може да биде навистина тешка и неверојатно напорна.

Kaputi-za-bezdomnici-koi-kje-gi-zgreat-na-niski-temperaturi-01

По улиците сè почесто можеме да сретнеме изгладнети и парталави бездомници кои молат за парче леб или претураат низ контејнерите, обидувајте се барем на тој начин да го ублажат гладот.

Но, сте помислиле што се случува со нив кога доаѓа зимата и температурите се спуштаат под нулата?

Многумина од нив речиси и воопшто немаат соодветна облека, ниту обувки.

Токму заради тоа една продавница за тако во Далас се решила на навистина хуман чекор.

Сопственичката Емилија Флорез решила да донесе штендер на кој сите хумани луѓе би можеле да ги закачат нивните стари капути како бездомниците би можеле да дојдат и да одберат од нив.

Kaputi-za-bezdomnici-koi-kje-gi-zgreat-na-niski-temperaturi-02

„На овој начин луѓето нема да се срамат и да молат за нешто“ – објаснува Флорес, “Едноставно доаѓаат и земаат нешто што им одговара“.

Иако досега 4 патите се случиле кражби таа не се откажува од нејзината посветеност да им помогне на бездомните лица.

Малите работи може да значат многу за некого. Понекогаш лесно можеме да заборавиме дека животот е навистина суров и дека таа храна која често ја фрламе за некого може да значи живот.

Токму затоа разбудете ја хуманата страна во вас и обидете се да помогнете, не е важно на кој начин, важно е што на крајот и вие и личноста на која сте и помогнале ќе се чувствувате многу поубаво.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...

Најчитани неделава