Зошто историјата на тирани и диктатори постојано се повторува?

Историјата цело време се повторува поради човечката природа. Гледајќи наназад па сè до денес, секогаш имало по некоја личност која се појавува во позиција на голема моќ.

zosto-istorijata-na-tirani-i-diktatori-se-povtoruva-01.jpg

Сите тие личности имаат неверојатно слични карактеристики - тие се харизматични и шармантни, но исто така пресметливи и сурови.

Најчесто имаат нарцистичко растројство на личноста и карактеристики како: недостаток на емпатија, жед за моќ и контрола, лажење, незаинтересираност за морал, индиферентност кон законите и правилата, егоизам и многу повеќе.

Но, иако луѓето често разговараат за историјата и за ваквото однесување, ги знаат последиците кои следуваат од ваква ужасна тиранија, тие сепак на крај им дозволуваат на ваквите личности да се издигнат на ваква позиција и им ја даваат моќта да прават ужасни дела.

Но, најинтересно е што луѓето речиси никогаш не се приморани со закани, туку свесно и доброволно ги следат овие лидери.

Што е тоа во природата на човекот што го прави толку ранлив, да дозволува ваков циклус на суровост цело време да се повторува?

Потреба за спасител

Една основна причина која ги привлекува луѓето кон идејата за повисок орган е потребата за идеализирана спасителска фигура.Тие сакаат да имаат една фигура во животот која е семоќна и може да ги спаси од сите проблеми.  

Па така, луѓето ги идеализираат овие фигури кои навидум изгледаат совршени, силни и моќни, за да ги бранат од сите непријатели и да играат улога на спасител. Ваквата потреба ја искористуваат тиранските лидери и се хранат од вакво безрезервно обожување.

Многу луѓе се наивни и го очекуваат само најдоброто од другите

Понекогаш, за жал причината е дека луѓето веруваат во добрата волја на другите и во човечката добрина.  Во едно здраво општество, меѓусебната доверба е тоа што ја одржува заедницата силна. Но, понекогаш оваа доверба остава голем простор, за тие што не ги следат овие морални правила да профитираат на нашата ранливост.

Со ваквата доверба ги потценуваме нивните способности да имитираат великодушност, а всушност не им е грижа за другите. Очигледните однесувања на сериските убијци и педофилите се јасни, но овие личности имаат моќ да ја маскираат својата социопатска тенденција и да се придржуваат до општествените норми до некој прифатлив степен.

Чувство на слабост и несигурност во сопствениот живот

Кога луѓето чувствуваат недостаток на контрола во нивниот живот, најчесто се свртуваат кон религиозни или други идеализирани фигури, кои во моментот им нудат бегство од реалноста и им даваат лажно чувство на моќ и сила.

Кога вашата љубовна врска или вашата економска ситуација е лоша, многу е лесно личности кои навидум имаат сè, да ве привлекуваат и да направат да се надевате дека и вие еден ден ќе стигнете дотаму.

Восхит кон нивните достигнувања

На некое ниво, луѓето всушност им се восхитуваат на овие личности кои толку лесно ги достигнуваат своите цели. Луѓето сметаат дека овие способности кои овие лидери најчесто ги имаат, толку лесно да стигнат до пари и моќ, се за пофалба.

Тие им завидуваат затоа што мислат дека е невозможно самите да стигнат до тоа ниво. Можеби дури и до некој степен е во човековата природа да има ваква темна предаторска страна, која најчесто ја потиснува, но ја цени кај луѓето кои успеваат да ги прекршат правилата и да стигнат дотаму.

Потреба за популарност и припадност кон одредена група

Луѓето уште од рана возраст имаат потреба да спаѓаат во некоја група која се смета за прифатлива. Тие имаат страв од тоа да не бидат повикани или да бидат исклучени од настани, кои ќе придонесат да бидат видени или почитувани.

Најчесто диктаторите имаат голем број на слепи следбеници, кои само сакаат да бидат дел од групата која е победничка. Група која е моментално моќна, за тие да се чувствуваат како победници.

Привлечени од површни работи

Луѓето, за жал, најмногу ги привлекуваат материјални работи и општествен статус. Тие го сакаат вниманието кое доаѓа со овој статус. Затоа најчесто читаме за славните и богатите личности, кои го поседуваат сето она кон кое се стремиме.

Но, овие работи немаат никаква врска со добрината на човекот и длабочината на неговиот карактер. Некогаш сјајните и привлечни фигури се всушност најлошите личности кои некогаш ќе ги запознаете.

Не оддржуваат здрав скептицизам кон работите кои изгледаат предобри за да бидат вистинити

Најголемата грешка која луѓето ја прават е кога даваат толку моќ во рацете на само една личност. Причината за тоа може да биде слепо верување, недоволна едукација, незаинтересираност за актуелните случувања или едноставно не придаваат големо значење на работите кои немаат никаква логичка смисла, и комплетно ги игнорираат и не ги разбираат темите како светска економија и политиката.

Овој тип на луѓе е најлесно да биде искористен. Тие се тие што веруваат во било што и што некогаш верувале дека Евреите треба да бидат погубени и дека тие се зло на земјата.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
Елена, Давид и уште 4 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во септември Ако треба да станете родители во септември, а сè уште не знаете кое име да му го...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg