Ситуации во кои треба да кажете „благодарам“

Речиси никој од нас не го кажува доволно ова зборче. Но, ако се научиме да го кажуваме во правилен момент, тој еден збор може навистина да ни го промени животот.

situacii-vo-koi-treba-da-kazete-blagodaram-1

Еве неколку ситуации во кои кажуваме сè, освен тоа што треба: едно едноставно благодарам.

Кога добивате комплимент

Многу луѓе не знаат како да реагираат во ситуации кога примаат комплимент. Најчесто го уништуваме комплиментот и изгледаме како да немаме никаква самодоверба со нашиот одговор. Па така, кога некој ќе ви каже дека му се допаѓа како изледате, доволно е да одговорите само со едно обично „благодарам“.

Уживајте во моментот и дозволете им на луѓето да можат да ви кажат нешто убаво, без секогаш да пробувате да изгледате скромно и незаслужно за таков комплимент.

Кога доцните

Можеби ви изгледа чудно да се заблагодарите кога сте се однесувале непочитувачки и сте доцнеле, но тоа е токму најправилното нешто што треба да го направите во таква ситуација. Наместо да наоѓате изговори зошто доцните, само кажете: „Благодарам што ме почекавте” или „Благодарам на трпеливоста”.

На тој начин им давате до знаење на луѓето дека ја цените нивната жртва - да изгубат дел од нивното време, чекајќи ве вас.

Кога тешите некого

Сигурно многу често сте биле во ситуација кога требало да утешите некој кој поминува низ многу тежок период. Посебно кога некој ви соопштува лоши вести, речиси никогаш немате соодветен одговор.

Затоа кога некој ќе ви соопшти дека нешто лошо му се случило, следниот пат кажете: “Благодарам што го сподели тоа со мене, знам дека ти е тешко и можеш да сметаш на мене”.

Кога добивате критика за нешто што сте направиле

Кога некој нè критикува дека нешто не сме сработиле како што треба, најчесто се поставуваме со заштитнички и одбранбен став. Но, на тој начин можеме само да си ги влошиме односите со луѓето и да не извлечеме ништо корисно од ситуацијата.

Затоа, во иднина, кога ќе добиете некоја критика за вашата работа, кажете: „Благодарам за вашето мислење”, и обидете се да дознаете дали може таа критика да ви помогне да се подобрите во иднина.

Кога добивате совети

Наместо да одговорите саркастично, независно дали сте го побарале советот и дали ќе го прифатите или не, секогаш одговорете со „Благодарам за вашата помош”.

Нема да стигнете далеку ако им се спротивставувате на луѓето, но едно едноставно благодарам може да ве однесе на многу успешен пат.

А. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
8 сурови вистини од кои ќе научите многу за животот Ако не се борите за тоа што го сакате, не треба да плачете за тоа што ќе го изгу...
Жените го имаат главниот збор, мажите го земаат нивното презимe: Интересни факти за племето Кхаси од... Мажот во куќата доаѓа како домазет, целиот имот останува на најмалата ќерка, а а...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
„Никогаш не се откажувајте од никого, чуда се случуваат секој ден“: 20 животни лекции од 80-годишен ... „Позајмувајте само книги што не ви се важни“, „Размислете двапати пред да го опт...
3 психолошки вистини за луѓето со избувлив карактер (што другите најчесто не ги разбираат) Нивните чувства потекнуваат од потребата за самозаштитување, а не од омраза, а п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg