Зошто некои жолчки имаат портокалова боја?

Понекогаш се случува да скршите јајце, а од него да излезе интензивна портокалова жолчка со боја на зајдисонце. Но, од каде доаѓа бојата на ваквиот тип на жолчки? Во секој случај за почеток е добро да се знае дека портокаловата жолчка не е знак на премногу разгалени или некој необичен тип на кокошки.

Zosto-nekoi-zolcki-imaat-portokalova-boja-01.jpg

Бојата на жолчката всушност зависи од она што го јаде кокошката: исхрана богата со каротеноиди, односно природниот жолто-портокалов пигмент кој се наоѓа во овошјето (диња), зеленчук (морков, компир, и кељ), и цвеќињата.

Вештачки бои и адитиви не се дозволени во ихраната наменета за кокошки, па секоја портокалова жолчка на јајцето потекнува од чист извор. Начјесто се додава невен во исхраната на кокошка со цел да се постигне поинтензивна боја на жолчката. Слободните птици често пати грицкаат трева и мали инсекти, кои исто така се богати со каротеноиди.

Портокаловата и жолтата жолчка сепак имаат иста хранлива вредност. Некои истражувања покажуваат дека јајцата од домашни кокошки со портокалова жолчка содржат повеќе омега-3 и подобро влијаат врз намалување на холестеролот.

Но, во принцип секоја кокошка, и домашна и оние од големите фарми може да произведат јајца со портокалова жолчка со додавање на вистинските додатоци во исхраната.

Засега нема доказ дека портокаловите жолчки се подобри, иако некои тврдат дека таквите јајца имаат побогат и покремав вкус. Таквите сепак ги преферираат домашните јајца пред оние од големите одгледувачки фарми.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Основни правила за носење чанта кои секоја девојка со стил треба да ги знае Не одете на формални настани со приврзоци на чантата кои делуваат детски или тро...
Фото докази нема ништо посилно од љубовта кон братот или сестрата „Другар ми секоја недела ѝ објаснува алгебра на сестра му преку видеоповик“. ...
Ужасни фотки од храна од кои ќе изгубите апетит Лазања со кулен наместо мелено месо, англиски појадок до јајца кои очигледно не ...

Најчитани неделава