Зошто мажите имаат Адамово јаболко? 8 забавни факти за посилниот пол
Машкото тело е преполно со изненадувања. Некои од неговите карактеристики се мистерија, но не само за жените, туку дури и за самите мажи.
После следниве 8 факти, со сигурност ќе гледате поинаку на посилниот пол.
1. Бавно стареење
Лицето кај мажите останува значително помладо во споредба со женското лице. Кожата ја губи густината на колаген многу побавно кај мажите, во споредба со жените, со што машкото лице полесно се спротивставува на брчките.
Меѓутоа, мажите се помалку склони кон грижа за кожата на лицето, што може да доведе до губење на природната предност.
2. Способност за доење
Да, добро прочитавте. Мажите, исто како и жените, имаат жлезди кои можат да произведуваат млеко. Тоа може да се постигне со зголемување на хормонот пролактин, но со помош на лекови кои ја стимулираат работата на срцето.
3. Ќелавост
Се верува дека ќелавоста се пренесува наследно преку Х-хромозомот. Но, тоа не е точно, бидејќи постојат и други бројни фактори. Доколку таткото е ќелав, тенденцијата и неговиот син да биде ќелав, расте до 60%.
Исто така и недоволната исхранетост и стресот го зголемуваат ризикот за ќелавост кај мажите.
4. Предменструален синдром
Можеби ова претставува уште поголемо изненадување од доењето, но 26% од мажите исто така имаат ПМС. Во тој период мажите стануваат почувствителни, нервозни, гладни, па дури може и да почувствуваат грчеви во долниот дел на стомакот. Во принцип, чувствуваат исти симптоми како жените.
5. Настанување на женски и машки деца
Сите луѓе на светот го започнале своето постоење како жена. При зачнувањето, потребни се два Х-хромозоми за да се добие девојче или еден Х и еден Y хромозом, за да се добие момче. Поентата е дека во првите 5-6 недели, Y хромозомот е неактивен.
6. Дебела кожа
За задебелувањето на кожата е одговорен хормонот - тестостерон. Тоа е причината за тоа што машката кожа е за 25% подебела во споредба со женскиот пол. Но, во текот на животот, кожата кај мажите станува потенка, додека кај жените останува константно дебела, сè до менопаузата.
7. Адамово јаболко
Дали некогаш сте се запрашале зошто Адамовото јаболко кај мажите е поистакнато во споредба со жените? Во текот на адолесценцијата, тироидната `рскавица го менува аголот во однос на крикоидната `рскавица, при што се формира Адамовото јаболко.
Кај мажите овој агол е помал отколку кај жените, па така настанува зголеменАта истакнатост.
8. Перцепција на бои
Мажите гледаат помалку бои од жените, а причината за тоа е многу едноставна. За перцепцијата на боите се задолжени т.н. конусни клетки. Информациите за нив се содржани во Х-хромозомите, кои ги има двојно повеќе кај женскиот пол.
М. С. | Црнобело