За сите сингл девојки: 5 идеи за совршен соло состанок

Девојки, нема потреба да очајувате ако сте сингл. Дотерајте се во омилената облека, направете си маникир со омилениот лак и правец на соло состанок!

za-site-singl-devojki-5-idei-za-sovrshen-solo-sostanok-01.jpg

Ако не можете да го организирате друштвото, а немате момче, зошто да не си посветите внимание сами на себе? Искористете го времето што ќе го поминете сами на најубав можен начин, а ние ви предлагаме пет супер идеи.

Омилена книга и чаша вино

Поминете една вечер во вашиот омилен бар со чаша вино или шолја кафе и најновиот роман за кој никако не наоѓате време да го почнете. Уживајте во пријатната атмосфера и опуштете се на сопствен начин.

Плетење или везење

Плетењето и везењето не се само за баби. Во последно време овие две вештини се многу актуелни. Според истражувањата, овие активности го смируваат мозокот и го подобруваат расположението. Украсете ги старите модни парчиња со некој извезен детаљ или исплетете си некој моден додаток, како на пример ланче или шал.

Тргнете во акција

Извадете го велосипедот или ролерките и возете се по кејот или на градското шеталиште. Докажано е дека луѓето кои вежбаат сами се поконцентрирани и имаат поуспешни резултати од оние кои вежбаат во друштво. Не заборавајте да си ги пуштите омилените песни за мотивација.

za-site-singl-devojki-5-idei-za-sovrshen-solo-sostanok-02.jpg

Филмска вечер

Одберете нов филм што го немате гледано, а ви стои на листата на филмови кои сакате да ги гледате. Кино-салите не се резервирани само за парови. Купете си сок и пуканки и уживајте.

Спа-ден

Организирајте си еден слободен ден во кој ќе посетите некој спа-центар. Почестете се со убава масажа или сауна. Заслужувате да се разгалите и да си дозволите мало задоволство. Ослободете го мозокот од сите негативни мисли.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
14 „тажни“ фотографии кои совршено го опишуваат понеделник „Стаклената врата од тушот се распрска ноќеска на илјадници парчиња. Понеделнико...

Најчитани неделава