Мис фотогеничност: Која е најдобрата поза за поубав изглед на ликот?

Која е вашата поубава страна? Сите ја имаат, а таа би требало да биде поистакната во текот на фотографирањето. За таа цел, ви ја откриваме единствената тајна на фотогеничноста што треба да ја знаете.

mis-fotogenichnost-koja-e-najdobrata-poza-za-poubav-izgled-na-likot-1.jpg

Ако некогаш сте се запрашале, како славните девојки речиси секогаш одлично изгледаат на сликите, тогаш време е да го дознаете одговорот.

Иако ни е потполно јасно дека тие зад себе имаат и комплетна „глам“ екипа, која се грижи везден да изгледаат најдобро што можат, и една одредена поза исто така им помага да заблескаат на фотографиите, кои редовно го обиколуваат целиот свет.

mis-fotogenichnost-koja-e-najdobrata-poza-za-poubav-izgled-na-likot-2.jpg

Станува збор за позата при која ја наклонувате главата на една страна – вашата подобра страна, спуштајќи ја притоа малку брадата. Во ред, сега ви фали уште само насмевка, која за миг ја подобрува секоја фотка, и тоа е тоа.

mis-fotogenichnost-koja-e-najdobrata-poza-za-poubav-izgled-na-likot-3.gif

Не сте сигурни која е вашата најдобра страна? И тоа знаеме. Според едно научно истражување, мнозинството луѓе се емоционално поекспресивни од левата страна, па таа страна им е пофотогенична.

Зошто токму оваа поза? Затоа што наклонувањето на главата ги омекнува сенките на лицето, кои не се нималку ласкави, а и визуелно ја издолжува вилицата, поради што изгледате повитки од што реално сте.

mis-fotogenichnost-koja-e-najdobrata-poza-za-poubav-izgled-na-likot-4.jpg

Иако во животот секогаш треба да ја кревате главата кон горе, кога се во прашање одличните фотки на Инстаграм, сепак, спуштете ја малку.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...

Најчитани неделава