Вечна дилема: Како да станете најдобра пријателка со свекрвата?

За односот помеѓу свекрвите и снаите сме се изнаслушале секакви работи, главно негативни. Свекрвите се најчесто прикажани како наметливи жени кои се мешаат во туѓи работи, но не мора секогаш да биде така.

vechna-dilema-kako-da-stanete-najdobra-prijatelka-so-svekrvata-01.jpg

Следниве неколку совети ќе ви помогнат да го подобрите односот со вашата свекрва, па дури и да се зближите:

Побарајте ѝ совет

Покажете дека ја цените и почитувате свекрвата со тоа што ќе побарате совет или мислење од неа за некоја работа. Прашајте ја за некој рецепт, во каква боја да ги обоите ѕидовите или нешто друго што ви е важно.

Не ја гледајте како закана

Ако вашата свекрва има одличен однос со својот син, тоа не значи дека претставува закана за вас. Не дозволувајте со вашата љубомора и несигурност да ги нарушите меѓусебните односи. Гледајте на позитивната страна и помислете колку би биле среќни и вие еден ден да имате таков однос со вашето дете.

Поврзете се со неа

Дури и да мислите дека немате ништо заедничко, сепак таа е жената што го родила вашиот сопруг. Свесна е за сите негови маани и секојдневни навики, па можете заедно да кажувате шеги или интересни приказни за него. Така ќе се чувствувате поубаво во нејзино друштво.

vechna-dilema-kako-da-stanete-najdobra-prijatelka-so-svekrvata-02.jpg

Не се натпреварувајте со неа

Ако вашата свекрва прави некое јадење кое вашиот сопруг го обожава, не се натпреварувајте кој ќе го зготви подобро. Дозволете ѝ нејзе да го направи. Така, вашата свекрва ќе сфати дека нема потреба од натпревар и ќе останете во добар однос.

Заблагодарете ѝ се

Заблагодарете ѝ се на вашата свекрва што го научила вашиот сопруг да биде добар маж или родител. Бидете благодарни и за нејзината помош во секојдневието или за советите што ви ги дава. Само однос полн со почит и разбирање може да доведе до искрено пријателство меѓу вас две.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“ „Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
„Пријателката ми исчезна од животот преку ноќ - ме боли повеќе од развод“ „Ги гледавме нашите деца како растат и се поддржувавме кога нашите бракови заврш...
Labubu куклите и уште 9 трендови од 2025-та што се бесмислени според постарите генерации „Луѓето како веќе да немаат срам. Не е ’кул‘ или ’смешно‘ да се правите идиоти з...

Најчитани неделава