Секоја емоција станува отровна ако ја потиснете: 7 чекори за среќа од Дипак Чопра

Среќата не е резервирана само за оние кои се родени под среќна ѕвезда.

sekoja-emocija-stanuva-otrovna-ako-ja-potisnete-7-chekori-za-srekja-od-dipak-chopra-01.jpg

Дипак Чопра, мудрец, автор на многу духовни книги, учител и говорник, вели дека успехот не носи среќа, туку среќата носи успех.

Според него, постојат 7 клучни чекори на патот кон вистинската среќа и сите имаат врска со емоциите кои ги чувствуваме. Можеме да бидеме среќни во секакви животни околности и ситуации, колку и да ни изгледаат безнадежни работите какви што се.

1. Преземете одговорност за себе

Прво, ослободете се од обвинувања. Не ја барајте вината секогаш во некој друг, туку преземе одговорност за вашите постапки. Ако не преземете одговорност, судбината ја препуштате на некој друг. Доволно е тешко да се промените себеси, па не се обидувајте да ги промените другите.

2. Бидете сведоци на вашите чувства

Сведочењето значи дека сте свесни за својата емоција, но не ве допира. Најдобро ќе можете да посведочите на емоциите ако откриете на кое место во телото чувствувате нешто. Кога имате емоции на страв или тага, не се прашувајте „зошто е тоа“ туку „каде е тоа“. Со пронаоѓањето на ваквите чувства ќе ја намалите менталната бука која ви прави стрес во секојдневието.

3. Именувајте ги чувствата

Што и да почувствувате во телото, најдете му име – страв, непријателство, љубомора, завист. Подобро е да ги дефинирате чувствата за да можете полесно да се справите со нив. Така полесно ќе препознаете со што имате работа и како да го решите тоа на најбрз можен начин.

4. Изразете ги чувствата

Секоја емоција станува отровна ако ја потиснете во себе. Изразувањето на чувствата ќе ве ослободи од негативните емоции и ќе ви ги прочисти умот и телото. Тука не станува збор да искажете омраза кон некој. Со ваквите емоции полесно ќе се справите ако ги запишете и работите на вашата реакција кон нив.

5. Споделете ги чувствата

Дозволете им на другите да учествуваат во вашето изразување на емоции и споделете како се чувствувате со некој кому му верувате. Поминете низ целата постапка, од моментот кога се родило чувството, до тоа како тоа чувство влијае на вас во секојдневниот живот. Ќе добиете мислење од друг што ќе ви помогне да ги решите работите на полесен начин.

6. Ослободете се преку некој ритуал

Смислете некоја мала церемонија која на симболичен начин ќе ве ослободи од лошите емоции. Ветете си дека не се врзувате за таа емоција и дека не сакате тоа да ве дефинира. Смислете некој ритуал кој е значаен за вас – пишување дневник, медитација со миризливи свеќи и слично.

7. Заблагодарете се и продолжете понатаму

Откако ќе расчистите со емоциите, време е да се заблагодарите за секој дел од тој процес и да продолжите понатаму. Прославете со нешто ситно што има значење за вас. Купете си нешто за дома или за облека. Со прославата си дозволувате себеси да бидете ослободени и среќни.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
По клиничка смрт и кома, освоил автомобил, па 250.000 € од грепка: Лудата одисеја на Бил Морган Во 1990-тите, Бил Морган речиси го загубил животот и поминал неколку денови во к...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...

Најчитани неделава