Јапонците одат во шума, Германците пијат пиво: Техники за среќа од целиот свет

Кога ќе погледнеме наназад во нашите животи често тоа што е најзначајно се настани како роденденска забава, бакнеж, нова работа или спортско постигнување.

japoncite odat vo shuma germancite pijat pivo tehniki za srekja od celiot svet 01

Но, начинот како го живееме нашиот секојдневен живот навистина дефинира кои сме ние и како се чувствуваме.

Луѓето ширум светот пронашле свои техники како да го подобрат расположението и ги практикуваат стотици години.

Секој регион има свои идеи за разубавување на животот. Од Јапонија до Норвешка, пронајдете инспирација од нив.

Јапонија

Јапонците имаат релативно нова „традиција“ на спојување со нивните души. Таа се нарекува „shinrin-yoku“ односно капење во убавините на шумата. Развиена е во 1980-тите во атмосфера на задушувачки градови и сеприсутна технологија.

Отидете во шума, размислувајте за секој звук што ќе го слушнете, ценете ги мирисите и текстурата на дрвјата и комплетно ќе се релаксирате.

japoncite odat vo shuma germancite pijat pivo tehniki za srekja od celiot svet 02

Хаваи

Начинот на кој жителите на Хаваи се справуваат со секојдневните проблеми се вика „Ho‘oponopono“. Без разлика кој ве повредил ова е техника со која треба да ги сфатите работите сами наместо да одговорите брзо и да ја влошите ситуацијата.

Земете длабок здив, десет минути размислете низ што минувате, бидете благодарни за тоа што го имате, обидете се да погледнете од страната на другиот, работете на простувањето и мирно изразете ги своите чувства.

Норвешка

„Friluftsliv“ е практика за релаксација во Норвешка. Тоа значи минување на што повеќе време надвор на свеж воздух и дневна светлина, која ќе помогне во останување во контакт со природниот ритам на светот околу вас.

Направете си навика на задолжителна утринска или вечерна прошетка во природа, излезете од канцеларијата на паузата од работа, пронајдете национален парк во вашата држава и посетете го.

Германија

Германците се концентрирани на обновување на врски еден со друг. „Gemütlichkeit“ е славење на заедништвото со пиво, песна и танц.

Искористете ги благодатите од богатиот социјален живот и не пропуштајте пригода да им нагласите на луѓето колку ви значат.

japoncite odat vo shuma germancite pijat pivo tehniki za srekja od celiot svet 03

Шпанија

Познатата шпанска „siesta“ што значи куса пладневна дремка во раните попладневни часови по оброкот е загрозен вид. Дури и експертите се почесто советуваат дека дремката попладне ја подобрува продуктивноста, сепак многу менаџери се загрижени за загубата на време и енергија на работното место.

Здрава „siesta“ значи дремка не подолга од 30 минути, спиење на фотелја или кауч, наместо на спална и редовно практикување на истата.

japoncite odat vo shuma germancite pijat pivo tehniki za srekja od celiot svet 03

Франција

Ние сме генерација заглавена во мултитаскинг. Правењето на повеќе работи едновремено прави работата и приватниот живот да се преклопат и со тоа им правите лошо на двете и не уживате. Французите нашле лек за ова. Тоа е мал дневен ритуал на одделување на овие области од животот со мал пијалак помеѓу работата и оброкот дома наречен „apéritif“.

Штом пристигнете од работа дома облечете чисти алишта, исклучете го службениот мејл и сипете си чаша добар пијалак.

Босна и Херцеговина

Босанците сакаат да го започнат утрото со бавно кафе, приготвено во специјално ѓезве и сервирано со шеќер или колаче. Вкусно е како турското кафе, но најважна е симболичната страна – времето одвоено за дискутирање за дневните настани.

Започнете и вие да го цените кафе како искуство само по себе, а не нешто што го правите додека работите. Паузата за кафе користете ја за разговор со луѓето околу вас, наместо за зјапање во телефонот.

japoncite odat vo shuma germancite pijat pivo tehniki za srekja od celiot svet 04

И Македонците се љубители на шолја добро кафе, но и на чашка домашна ракија. Што мислите вие, која е нашата техника за среќа?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...

Најчитани неделава