Ништо не е случајно: 5 знаци дека ви претстои голема промена во животот

Промените може да бидат позитивни или негативни, но какви и да се - мора да се случат, за да имате подобра, посреќна и поисполнета иднина. А, тие ќе ви помогнат и да бидете позадоволни со самите себе.

nishto-ne-e-sluchajno-5-znaci-deka-vi-pretstoi-golema-promena-vo-zhivotot-1.jpg

Иако понекогаш може да ви се чини како животот да ви се распаѓа, односно дека никогаш повеќе нема да бидете среќни, сепак не е така.

Постојат периоди во животот кога едноставно треба да продолжите понатаму, за да ви биде подобро, но и да го извлечете најдоброто од себеси.

Изреката „Кога една врата се затвора, друга се отвора“ има смисла, бидејќи во неброени случаи се покажала како вистинита.

nishto-ne-e-sluchajno-5-znaci-deka-vi-pretstoi-golema-promena-vo-zhivotot-2.jpeg

Постојат 5 знаци кои покажуваат дека ви претстои голема промена во животот. Обрнете внимание на следните показатели:

1. Нештата станале неподносливи

Чувствувањето бес е една од најлошите работи кои може да ве обземат, бидејќи ве јаде одвнатре, правејќи му сѐ повеќе и повеќе штета на вашето психичко и физичко здравје.

Сепак, кога малите нешта што дотогаш ви оделе на нерви, одеднаш ќе почнат сѐ повеќе да ве лутат, до степенот кога ќе станат неподносливи – тоа е знак дека следува промена.

Имено, постои одредена колична на негативност со која можете да се соочите, но во даден миг станува премногу за поднесување, па промената е нужна.

nishto-ne-e-sluchajno-5-znaci-deka-vi-pretstoi-golema-promena-vo-zhivotot-3.jpg

2. Се чувствувате изгубено

Најдобриот начин да се пронајдете себеси е најпрво да се изгубите себеси.

Кога сте изгубени, тогаш немате насока во која одите, а кога немате насока, не постои ниту желба. Кога немате желби, вам всушност ништо не ви треба, а тоа е мигот кога се отвора вашата душа и почнува да ве насочува.

Иако понекогаш нештата може да ви делуваат надвор од контрола, тоа е совршениот момент да го следите својот внатрешен глас.

Тој ќе ве води до промената, што ќе ви помогне да ги хармонизирате својот ум, тело, срце и душа.

nishto-ne-e-sluchajno-5-znaci-deka-vi-pretstoi-golema-promena-vo-zhivotot-4.jpg

3. Излегувате од својата комфорна зона

Различните периоди во животот може да се сведат на два основни циклуси. Во еден период, животот е преполн со авантури, дружења со пријателите и семејството, патувања...Всушност, имате толку активности, што одвај постигнувате.

Од друга страна, постои период, вообичаено подолг, кога не се случува баш ништо. Тогаш настапуваат раздобјата на изолација и интроспекција, па дури и некаков вид на депресија. Тоа е периодот кога луѓето, можеби и несвесно, се преиспитуваат самите себе и својот живот.

Должините на овие два циклуса варираат, а неопходни се за човекот да создаде своја перспектива на светот. Миговите во животот кога не се случува ништо, претставуваат посебна прилика за емоционален, психолошки и духовен раст, додека раздобјата со активности и надворешни импулси се манифестираат како нови искуства, патувања и ширење на сопствените хоризонти. Кога ќе излезете од комфорната зона во која живеете, имате чувство како повторно да сте се родиле.

Одвојте време за авантури, патувања, дружби, полнејќи ги батериите на тој начин. Потоа, повлечете се, за во мир да ги процените работите и луѓето кои ве опкружуваат, како и да си поставите уште една цел што ќе ве води кон подобар живот.

nishto-ne-e-sluchajno-5-znaci-deka-vi-pretstoi-golema-promena-vo-zhivotot-5.png

4. Во исто време сте преплашени, возбудени и загрижени

Тогаш дефинитивно чувствувате дека ќе ви се случи нешто големо во животот, затоа и имате чувство на страв, возбуда и загриженост истовремено.

Овој период следува откако ќе излезете од својата комфорна зона. Во таа фаза, не знаете што ќе ви се случи со животот, ама чувствувате дека сте на вистинскиот пат и не можете да дочекате да дојдете до целта.

Додека тоа се случува, баш и нема некоја смисла да ковате големи планови, бидејќи прашање е дали ќе биде нешто од нив, а тоа само создава главоболки и фрустрации. Бидете трпеливи, отворени и чекорете по патот по кој ве води вашиот внатрешен глас.

nishto-ne-e-sluchajno-5-znaci-deka-vi-pretstoi-golema-promena-vo-zhivotot-6.jpg

5. Доживувате синхроницитети

Синхроницитетите или важните случајности, претставуваат суптилни траги, кои може да бидат патоказ, предупредување, инспирација или потврда дека сте на добар пат. Тоа значи дека она што го правите, мислите или чувствувате е во согласност со вашиот психолошки раст. На пример, случајната средба со одамнешен пријател, повик од личноста на која претходно сте помислиле, гледањето броеви што се повторуваат...

Поимот синхроницитет го воведува Карл Густав Јунг, а станува збор за концепт според кој настаните се „значајни коинциденции“, доколку се случуваат без каузална врска, а сепак се смисловно поврзани.

Доколку тоа почне интензивно да ви се случува и вам, најјасен знак е дека треба да се промените себеси или нештата околу себе, бидејќи минувате низ време на промени, кое ќе ве преобрази засекогаш.

Промената може да биде позитивна или негативна, но каква и да е, сепак мора да се случи – за ваша подобра и поисполнета иднина.

nishto-ne-e-sluchajno-5-znaci-deka-vi-pretstoi-golema-promena-vo-zhivotot-7.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Девојчињата ги мажат на 13 години, жените немаат никакви права - Бизарните обичаи на народот Масаи Жените во ова племе служат за градење куќи и одгледување деца и стока, кога не с...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg