Не се плашете од пензионирање: Како да уживате во овој период?

Броите ситно до пензија? Тоа не значи дека вашиот живот завршил, новостекната слобода допрва доаѓа.

polnite 60 godini i broite sitno do penzija idei shto da pravite vo ovoj period 01

Наскоро ќе го прославите 60-тиот роденден и веќе ги броите годините до пензија? Природно е на ум да ви доаѓа прашањето „Што сега“?

Сега треба да се посветите на вашето хоби повеќе од кога било и сега е време да ги правите работите што вие ги сакате.

Доволно мислевте на другите, даjте му нова возбуда на вашиот живот:

Дефинирајте ја вашата страст и цел

Ова ќе биде ново поглавје во вашиот живот, па седнете и размислете што пропуштавте досега. За што отсекогаш бевте љубопитни?

Дефинирањето на вашата цел значи да сфатите како сакате значајно да го минете времето. Време е да ги преиспитате вашите лични цели и да се сконцентрирате на работата за која се чувствувате силни, а не сте ја оствариле претходно.

Размислувајте младешки и минувајте време со семејството и пријателите

Размислувањето младешки во оваа доба од животот значи да бидете поенергични и да уживате во времето кое сега го имате во ваши раце. Забавувањето и уживањето е процес за цел живот, па не значи дека ако сте наполниле 60 години треба само да седите дома и да се досадувате.

Организирајте чести средби со пријателите и семејството. Правете мали забави, имајте слатки дискусии со шише квалитетно вино. Исто така, сега е време да креирате спомени со вашите внуци.

polnite 60 godini i broite sitno do penzija idei shto da pravite vo ovoj period 02

Продолжете со вашето хоби

Хобито е најдобар начин за ослободување од стресот во која било доба од животот. Затоа продолжете да го правите тоа што го сакате дури и во периодот по пензионирањето.

Средувајте ја градината, патувајте, читајте, танцувајте... За да бидете фит и ентузијастични мора да го следите вашето хоби.

Волонтирајте во сферата што добро ја познавате

Време е вашето експертско мислење да го кажете јавно и да придонесете за општеството. Со вашите вештини помогнете во некоја локална институција, можеби болница или училиште.

Волонтирањето е начин да му помогнете на општеството со сѐ што сте научиле како професионалец.

Развијте нови интереси

Пензионирањето е златна можност да пробате нешто ново. Можеби патување на место на кое никогаш не сте биле, но отсекогаш сте посакувале.

Дружењето со луѓе со различни интереси ќе ви помогне во тоа.

Кога сте во 60-тите години од животот тоа не значи дека дошол крајот на вашиот живот. Сега немате обврски и можете да ги сторите работите за кои никогаш немавте време.

Ова е новостекната слобода и слободно можете да го обликувате животот како сакате.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...

Најчитани неделава