Како потсвеста влијае на нашите соништа?

Ние луѓето, анализираме сè дури и без да бидеме свесни за тоа и без да добиеме резултати од нашите размислувања.

kako-potsvesta-vlijae-na-nashite-sonishta-01.jpg

Но, потсвеста си го прави своето и го продолжува својот дел во сонот.

Дознајте како потсвеста си наоѓа начин да го постигне своето и да допре до нас.

Што сонуваме и што е можно да значат дел од соништата?

Паѓање

Неизвесноста на иднината, стравот од паѓање, потиснување на чувствата за безнадежност, потребата за носење одлуки – ништо од ова не се менува и во сон.

Како резултат на сите овие грижи и притисоци во реалност, сонуваме како паѓаме од височина. Падот е симбол на беспомошност.

kako-potsvesta-vlijae-na-nashite-sonishta-02.jpg

Летање/лебдење

Во сон, луѓето често летаат чувствувајќи целосна контрола врз ситуацијата. Тие буквално ги надлетуваат проблемите. Понекогаш летот достигнува толку голема висина што предизвикува страв кај сонувачот.

Ова се случува кога човекот чувствува дека ја напуштил својата комфор зона и не е сигурен дали ќе успее да се справи со ситуацијата.

kako-potsvesta-vlijae-na-nashite-sonishta-03.jpg

Испити

Соништата со испити и полагања значат дека се соочувате со важни настани и случувања. И можеби, не верувате во себе и во вашите достигнувања и потсвесно очекувате неуспех.

Соништата за испити често се случуваат кај студентите, а причината е секако возбудата и стравот за резултатот.

Бегање

Многу нерешени проблеми ни стојат на грб и не ни даваат мир во текот на денот, а тоа продолжува и во текот на ноќта во нашите соништа.

Луѓето кои се соочуваат со таква реалност, често сонуваат како бегаат од некого и се кријат.

Но, тоа не е секогаш единствената причина. Понекогаш ова може да биде и поради вознемирување од реални случки или резултат на соживување со некои филмски сцени.

Спиење во сон

Наутро се будите, станувате, појадувате, се облекувате и излегувате од дома. Потоа алармот почнува да ѕвони и сфаќате дека тоа е само сон.

И сега повторно ќе мора да го повторите истото од сонот и во реалноста. Исто како секој работен ден, ништо не е поразлично. Ваквите соништа се типични за луѓе кои се заглавени во рутина.

kako-potsvesta-vlijae-na-nashite-sonishta-04.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...

Најчитани неделава