Работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите затоа што се почитувате себеси

Понекогаш знаат да кажат дека го живеете животот на ваш својствен начин и дека не ве сфаќаат зошто се однесувате така. Не сфаќаат дека живеете така само затоа што се почитувате себеси.

20 raboti koi lugjeto ne sfakjaat deka gi pravite samo zatoa shto se pochituvate sebesi 01

Повеќе немате време за трошење на нефункционални врски, на оправдување на своите постапки, ниту на грижа за туѓите очекувања.

Еве 20 работи кои луѓето не сфаќаат дека ги правите само затоа што се почитувате себеси:

- Не прифаќате неискрени извинувања.

- Одбирате да го максимирате уживањето во животот, наместо приходот.

- Почесто кажувате „не“. Сѐ уште сте подготвени да им помагате на другите луѓе, но сфативте дека за соодветно да му помогнете некому, прво треба да се погрижите за себеси.

- Секој пат кога разговор се претвора во озборување на некого, наоѓате попаметна работа да правите.

- Си одите од луѓето и врските што не функционираат, наместо залудно да трошите време и енергија.

- Повеќе не чувствувате потреба за да ги правдате своите мисли, верувања, зборови и акции.

- Зборувате гласно секој пат кога ќе посведочите за неправда.

- Повеќе не чувствувате потреба да живеете според некои стереотипи.

- Не се чувствувате виновни ако се премислите околу нешто.

- Избегнувате премногу алкохол.

- Избегнувате импулсивно трошење.

- Повеќе не ви создаваат главоболка фотографиите за на Фејсбук и Инстаграм.

- Креативни сте и спонтани секој пат кога така ќе се почувствувате.

- Престанавте да им ја работите работата на колегите.

- Се облекувате за да ја изразите вашата личност, а не за да импресионирате некого.

- Вистински сте среќни за оние што успеале наместо да им завидувате или да бидете љубоморни.

- Не се обидувате секому да се допаднете.

- Кажавте стоп на мрзеливоста и одложувањата.

- Носите одлуки во кои навистина верувате, без разлика на последиците.

- Го живеете животот како да е подарок и сфаќате дека навистина тоа и е.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...

Најчитани неделава