Уникатно искуство: Во Лондон отворен коктел-бар инспириран од затворот Алкатраз

Замислете бар во кој на влезот ви даваат портокалова затворска униформа и каде треба да си донесете свој пијалак во кој ќе уживате сместени во затворска ќелија.

unikatno-iskustvo-vo-london-otvoren-koktel-bar-inspiriran-od-zatvorot-alkatraz-01.jpg

Звучи малку чудно, но секако претставува навистина уникатно искуство. Ваков бар инспириран од затворот Алкатраз се отвори во Лондон, и тоа под името Alcotraz.

Во барот има место за 30 „затвореници“, нема мени бидејќи гостите си носат алкохол за коктел-мајсторите, а коктелите се послужуваат во метални затворски чаши.

Овој коктел-бар е проект на компанијата Inventive Productions и ќе биде отворен само три месеци. Од таму велат дека заинтересираноста е голема, а реакциите на посетителите се позитивни.

Барот Alcotraz е отворен од четврток до сабота, од 17 до 23 часот. Влезницата чини 30 фунти (околу 33 евра) и вклучува двочасовен престој и 4 коктели.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Се инфилтрирав во картелот на Ескобар за ФБИ – гледав како свирепо убиваат луѓе, разнесував милиони... „Знаев што им се случува на предавниците во картелот ако ги фатат. Наш извор беш...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
Татко му го носел во фабриките за кокаин уште на 9 години: Каде е денес синот на Пабло Ескобар? Хуан Пабло, синот на Пабло Ескобар, денес живее под друго име – Себастијан Марок...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...

Најчитани неделава