До која возраст е нормално децата да живеат со родителите во различни земји низ светот?

Велика Британија

Исто и во оваа земја, со започнувањето на студиите, нормално е да се напушти домот на родителите. Секако, тоа зависи и од околностите и дозволено им е да останат дома доколку родителите имаат голема куќа.

Но, сепак, до 24-годишна возраст веќе сите почнуваат да живеат одвоено иако тоа не значи дека се целосно финансиски независни.

Франција

Повеќето деца во Франција се одвојуваат од домот на родителите веднаш по училиште, односно на 18 години. Ова важи и за Парижаните кои го напуштаат градот бидејќи има добри универзитети низ целата држава, а живеат во студентски домови или изнајмуваат станови со пријатели.

do-koja-vozrast-e-normalno-decata-da-zhiveat-so-roditelite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-04.jpg

Германија

Повеќе од пола млади во Германија на возраст од 24 години живеат со родителите, а веќе над 25-тата година се смета дека треба да се иселат и да почнат да се грижат сами за себе.

Статистиките покажуваат дека на 40-годишна возраст само 4% од мажите и 1% од жените уште живеат со родителите.

Шведска

На 18 години, по завршување со училиште, младите Швеѓани изнајмуваат свои станови, најчесто  во истиот град каде што живеат родителите и не ги нарушуваат семејните врски. Така тие се учат на независност и брзо учат да менаџираат со парите.

Јапонија

Децата во Јапонија се одвојуваат од родителите по завршувањето на факултет или откако ќе се венчаат. Семејствата сакаат да живеат одвоено и секој да умее да се грижи за себе, иако постојат исклучоци, но се ретки.

Во Јапонија нема бесплатно школување, а стипендиите не ги покриваат сите трошоци, па повеќето студенти мораат да заработуваат пари за да живеат.

do-koja-vozrast-e-normalno-decata-da-zhiveat-so-roditelite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-05.jpg

Македонија

Во нашата земја пак, не постојат правила во врска со тоа, сè зависи од околностите. Некои кои имаат можности живеат сами уште додека се помлади, други пак остануваат со нивните родители додека студираат, а има и такви кои не се иселени и до 30-тата година, без разлика дали работат или живеат на грбот на родителите.

Најчесто децата во Македонија се иселуваат од дома после свадбата и живеат сами со партнерот, а понекогаш, продолжуваат да живеат сите заедно. 

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Се родив во култ – на 14 години ме натераа да се венчам со братучед, но избегав и помогнав да се фа... „На 14-годишна возраст бев присилена да се венчам со мојот братучед. И покрај це...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава