Потег за аплауз: Бренд за облека престана да ги брише стриите на моделите од фотографиите

„Missguided“ ги прекрши „правилата“ на модната индустрија и доби поддршка од жените ширум светот.

poteg-za-aplauz-brend-za-obleka-prestana-da-gi-brishe-striite-na-modelite-od-fotografiite-01.jpg

Не постои ништо лошо во стриите и целулитот. Поголемиот дел од жените имаат проблем со едното или другото. Истражувањата покажуваат дека дури 90% од жените се борат со целулитот.

Но сепак кога ќе се погледнеме во огледало не се чувствуваме добро поради сите тела што ги гледаме на телевизиските екрани и во магазините на кои нема ниту една стрија или целулит на кој било дел од телото.

Совршено мазните извајани тела во модната индустрија, поставуваат нереални стандарди. Затоа вредно е за аплауз кога некој моден бренд ќе направи смел чекор за подобрување на самодовербата на луѓето ширум светот.

Компанијата „Missguided“ одлучи  да не ги крие маните на моделите и на фотографиите за промена не ги избриша нивните стрии.

Ова не треба да биде чудно, но бидејќи досега правилата во модната индустрија беа навистина строги, потегот на овој бренд е навистина храбар. Па и не е толку страшно ако ѕирнат стрии од бикините, фустанот или долната облека, зарем не?

Социјалните мрежи се преплавени со позитивни коментари за овој чекор:

/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fmetro.co.uk%2F2017%2F11%2F08%2Fmissguided-isnt-editing-out-models-stretch-marks-7062252%2F

/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fmetro.co.uk%2F2017%2F11%2F08%2Fmissguided-isnt-editing-out-models-stretch-marks-7062252%2F

/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fmetro.co.uk%2F2017%2F11%2F08%2Fmissguided-isnt-editing-out-models-stretch-marks-7062252%2F

Се надеваме дека позитивното влијание за прифаќање на различноста на телата и стоп за фотошопот ќе ги зафати и другите модни брендови.

Како вам ви се допаѓа потегот?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит... Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
Трета светска војна, но не и крај на светот - Што предвидела Баба Ванѓа за 2026-та? Баба Ванѓа има неколку предвидувања за оваа година, но едно од нив е навистина з...
Стара е за да се шета вака облечена, предрасуди за жените над 50-тата! Сигурно сте слушнале изјави како „Не ѝ личи на годините вака да се однесува“ или...

Најчитани неделава