На 27 години ќе доживеете „четвртвековна“ криза: „Во која насока оди мојот живот?“

Стресот од влегувањето во светот на возрасните е огромен и во тој период правите проценка на приватниот и професионалниот живот.

na-27-godini-kje-doziveete-chetvrtvekovna-kriza-vo-koja-nasoka-odi-mojot-zivot-01.jpg

Дали полека се наближувате кон 27-миот роденден и чувствувате како сè да ви излегува од контрола? Дали изгубивте осет каде се движите во животот?

Ако е така, тогаш доживувате „четвртвековна“ криза.

Според истражување на мрежата LinkedIn, 72% од младите професионалци искусуваат криза на 26.9 години, бидејќи во тој период интензивно ги проценуваат своите животни избори и достигнувања во кариерата.

Ако мислевте дека на 25 години ви се случуваше хаос во главата, почекајте до оваа возраст.

Најголемиот дел од грижите се сведуваат на тоа дека: луѓето не се во професијата што ја сакаат (57%), имаат стрес околу финансиската состојба и непоседувањето недвижнини (57%) и притисокот дека сè уште не пронашле животен партнер (46%).

Всушност, „четвртвековната“ криза е сè почеста поради финансиските тешкотии со кои се соочува нашата генерација, како и притисоците од социјалните мрежи. „Младите денес се во трка како да остварат успешна кариера, а притоа да не го запостават приватниот живот“, тврди психологот Alex Fowke.

Големите предизвици со кои се соочуваат луѓето на возраст од 18 до 35 години може да предизвикаат внатрешни конфликти, криза на идентитет и несигурност. Ова е период на двоумења и разочарувања од непостигнатите цели.  Стресот од влегувањето во светот на возрасните е огромен.

Просечното времетраење на оваа криза е 11 месеци, односно речиси една година. Сепак нејзината појава и времетраење зависат од многу околности.

Најважно е да не заборавите да одвојувате време за себе додека сте во трката за остварување на своите цели.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...

Најчитани неделава