Пилотите откриваат тајни кои не сте ги знаеле: Не им е дозволена брада, во авионот треба да биде ладно

Секоја професија има свои тајни за кои повеќето не треба да знаат, но сепак, има и такви кои брзо се дознаваат.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-01.jpg

Авио индустријата секогаш важела за една од оние исполнети со мистерии, па токму затоа понекогаш сме заинтересирани за повеќе детали.

Совети за совршен лет ни се секогаш потребни, но доколку сакате да знаете нешто повеќе за целиот тој процес, прочитајте ги овие „тајни“:

На пилотите не им е дозволено да имаат брада

Некои авиокомпании им забрануваат на пилотите да имаат брада. Причината за ова е што во итна ситуација, маската за кислород (која пилотите мора да ја носат, исто како и патниците) мора целосно да се вклопи на нивното лице, а брадата може да го спречи ова.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-02.jpg

Авионот е ладен за ваше добро

Според некои истражувања, постои врска помеѓу температурата, притисокот во авионот и губењето на свест предизвикано од хипоксија.

Причина за хипоксија може да биде премногу загреаниот воздух , па затоа температурата во авионот се одржува на пониско и нормално ниво.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-03.jpg

Подобро е да носите тесни и затворени чевли

Дајте им приоритет на стабилни чевли со добар ѓон за во случај на итна евакуација, каде може да се најдете како стоите на жежок асфалт или во трнлива трева, па не би било воопшто пријатно ако сте во апостолки или сандали, како и штикли.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-04.jpg

Доколку не сте пилот не можете да го слетате авионот

Во филмовите, честопати има сцени кога пилотите од разни причини веќе не се во можност да управуваат со авионот, па тука е секогаш главниот лик, кој иако не е пилот, секогаш успева да управува со авионот и да слета без последици.

За жал, во вистинскиот живот ова сценарио е невозможно дури и ако човекот е генијалец кој го вежбал ова на компјутерска симулација. Причината е едноставна – стресот и тремата го прават своето со оглед дека пред вас има предизвик да слетате авион и сите патници да останат живи.

Одложувањата на летовите влијаат и на стјуардесите, не само на патниците

Причината е во тоа што стјуардесите добиваат надоместок односно дневница пресметана врз база на часовите на летот.

Времето поминато на копно не влијае на нивната плата без разлика дали се работи за одложување на летот. Па затоа, обидете се да бидете пофини со стјуардесите.

Стјуардеса седи на местото на пилотот кој оди во тоалет

Кога еден од пилотите сака да оди во тоалет, другиот го координира авионот, а пред тој да замине, на негово место доаѓа стјуардеса како „замена“.

Ова правило е за да се избегнат непланирани ситуации како затворање на вратата откако едниот пилот ќе излезе или доколку на оној кој ќе остане во кабината му се слоши, да има некој со него.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-06.jpg

Најмирно место е до крилото

Најлошо место за седење е на краевите, а доколку сакате летот да ви помине мирно и тресењето да биде минимално, седнете во средина, покрај крилото.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-07.jpg

За време на слетување навечер, светлото е пригушено

Ова правило постои за патниците да се навикнат на темницата кога ќе излезат од авионот.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-08.jpg

Маските за кислорот се направени за 15 минути

Кислородот во маските е доволен за само 15 минути, но не паничете – ова време е доволно за пилотот да го спушти авионот на надморска височина на која можете да дишете нормално.

pilotite-otkrivaat-tajni-koi-ne-ste-gi-znaele-ne-im-e-dozvolena-brada-vo-avionot-treba-da-bide-ladno-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Тајни што ги кријат градините ширум светот (не можете ни да замислите што сè постои) Краставица која потсетува на влекач, исушени цвеќиња кои наликуваат на костурски...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава