„Направи сам“ проекти, јавен превоз, список за пазарење: Навики на луѓето кои умеат да штедат

На листата на најтешки работи во животот кои треба да ги научите, секогаш има место за штедењето.

naviki-na-lugjeto-koi-umeat-da-shtedat-01.jpg

Овој чин бара многу посветеност, упорност и одговорност, како и карактер, да не скршнете од потот и да ги потрошите сите пари кои сте успеале да ги заштедите на глупост.

На некои луѓе, ова им оди одлично, па во продолжение погледнете ги триковите кои тие ги практиквуаат за да успеат во тоа.

Направете список со намирници пред да пазарите

naviki-na-lugjeto-koi-umeat-da-shtedat-02.jpg

Гответе дома

Само помислете колку многу би заштедиле ако постојано готвите дома и не трошите пари на неколку купечки готови оброци додека сте на работа или излезени надвор. Обидете се јадењето надвор да го сведете на минимум.

Не паѓајте на искушенија

Ако знаете дека немате доволно самоконтрола да се воздржите од купување во некои омилени продавници, немојте да влегувате во нив кога немате потреба, само за да „плакнете очи“, а на крај да завршите со куп работи.

Пешачете или користете јавен превоз

naviki-na-lugjeto-koi-umeat-da-shtedat-03.jpg

Откажете се од непотребните претплати, членства итн.

Разгледајте добро што ви е потребно, а што не. Дали ви требаат и дали ги гледате тие дополнителни ТВ програми за кои плаќате, членството во теретана каде се појавувате 2 пати месечно и сл.

„Направи сам проекти“

Секогаш кога можете, користете ја шансата да направите нешто сами наместо да го платите. Ова важи за украси и декорации во домот, за храна, за виткање подароци и уште многу други ситници кои можете сами да ги направите. 

naviki-na-lugjeto-koi-umeat-da-shtedat-004.jpg

Најдете придружник

Најдете некој пријател, или тоа нека биде партнерот или член од семејството, кој ќе се нафати заедно со вас на овој предизвик, па така постојано ќе се мотивирате заеднички да не трошите пари на секакви непотребни работи. 

Поставувајте си го прашањето: „Дали навистина ми треба ова?“

И најважно од сè, бидете реални сами со себе - дали ви се потребни сите тие работи по кои посегнувате или е подобро да ги тргнете тие пари настрана и да ги зачувате за нешто попаметно? Секогаш поставувајте си го ова прашање пред да купите нешто. 

naviki-na-lugjeto-koi-umeat-da-shtedat-005.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 навики на жените на кои мажите се алергични Дотерување како за на бал за кежуал пригода и уште 8 навики на жените на кои маж...
5 работи од кои луѓето се срамеа, а сега се кул Порано тенките веѓи беа хит, а дебелите асоцираа на несредена жена, но сега ситу...
Лицето открива сè за човекот – Што значи кога имате тенки веѓи, полни усни или големи очи? Се верува дека одредени црти на лицето и надворешниот изглед можат да ви помгнат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg