Пцости и неартикулирани звуци: Дали навистина зборуваме во сон?

Да слушате некого како зборува во сон може да биде доста смешно, но ако сте вие тие кои зборуваат во сон, често се плашите дека може да издадете некоја своја чувана тајна.

pcosti-i-neartikulirani-zvuci-dali-navistina-zboruvame-vo-son-2.jpg

Неретко се случува оние кои зборуваат во сон да бидат обземени од параноја во однос на тоа што кажале, дали навредиле некого и колку јасно другите го чуле кажаното.

Вистината е дека често во сон може да кажеме нешто не баш пријатно за слушање, како што се пцовки и вулгарни зборови, кои не се упатени на оние кои се физички присутни во истата соба, туку кон случувањата во сонот.

pcosti-i-neartikulirani-zvuci-dali-navistina-zboruvame-vo-son-3.jpg

Спроведен е експеримент на 232 лица од кои 129 имале проблеми со спиење, а 87 месечареле или имале кошмари.

Тие неколку ноќи биле снимани, по што е констатирано дека генерално се работи за неартикулирани звуци, но кога треба да се опцуе или каже нешто вулгарно, тогаш тоа јасно се слуша.

pcosti-i-neartikulirani-zvuci-dali-navistina-zboruvame-vo-son-4.jpg

Она што е утеха е дека кога зборуваме во сон, ако се изземат неартикулираните звуци, тоа го правиме граматички и лексички исправно, со точен редослед на зборовите во реченицата. Разликата е само што во сон можеби и не сме толку фини како кога сме будни.

Па, по сѐ изгледа навистина имаме причина да бидеме загрижени.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава