Како живеат бездомниците во различни земји низ светот?

Колку и да звучи лошо, сепак мора да се признае дека е голем бројот на бездомници на многу места во светот.

kako-zhiveat-bezdomnicite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-01.jpg

И кај нас, сè почесто гледаме такви случаи на социјалните мрежи кои едноставно ни го кинат срцето.

Но, дали е тоа секаде така? Како живеат бездомниците во различни земји во светот? Дали е секаде толку лошо или некаде тоа дури важи и за животен стил, или пак, воопшто не постои?

Дознајте како изгледа отприлика тоа:

Јапонија

Во Јапонија, да се биде бездомник е животен стил. Јапонските бездомници имаат кредо – тие не се вклучуваат во кражби, не се расправаат со полиција и се однесуваат кон другите со почит.

Исто така, ретко може да се види бездомник во Јапонија кој проси, бидејќи тоа не се цени. Многу бездомници одат на работа и заработуваат пари, но ноќта ја поминуваат во кутии.

kako-zhiveat-bezdomnicite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-02.jpg

Германија

Во Германија, бездомниците имаат своја идентификација, која им овозможува да користат бесплатен транспорт, да јадат во јавни кантини и да ги поминуваат ноќите во паркови и метроа.

Но, дури и да немаат идентификација, постојат специјални кафулиња и куќи за сместување кои се создадени за бездомниците, каде услугите се наплаќаат по неколку центи.

Бездомниците во Германија просат, но не нападно и ретко кој ги гледа бездомниците со презир.

kako-zhiveat-bezdomnicite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-03.jpg

Кина

Во Кина, исто како и во Јапонија, се верува дека сите треба да работат. Државата на секој можен начин им помага на бездомниците да најдат работа, им дава храна, а понекогаш и покрив над глава.

Покрај тоа, постојат и многу бесплатни бањи и кафулиња со неверојатно ниски цени за нив.

kako-zhiveat-bezdomnicite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-04.jpg

САД

Во Америка е непристојно да се гледа со презир на бездомниците, напротив, треба да се однесувате со нив со почит и грижа.

На пример, во Калифорнија, често може да се види слика на минувач кој седи до бездомник и си разговараат.

Постојат посебни „кампови“ и делови кои се опремени со телевизори, компјутери и друга опрема.

Многу бездомници имаат работа и можат да си дозволат кирија за стан, но преферираат да спијат во овие домови за бездомници каде може да се мијат, одморат и да јадат бесплатно.

kako-zhiveat-bezdomnicite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-05.jpg

Австралија

Во Австралија не постои таков збор како бездомник. Таму тие се наречени „популација која спие на улиците“.

За разлика од други земји, нивото на бездомници овде не поминува ниту 1%, а повеќето се млади луѓе под 19 години.

За бездомниците, постои цела бесплатна мрежа која вклучува фризер, перална, кафулиња и куќи за преспивање.

kako-zhiveat-bezdomnicite-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-06.jpg

Македонија

Во Македонија, бездомниците живеат тежок и сиромашен живот, немаат за корка леб, преспиваат на клупи и во влезови и доколку добрите луѓе не им помогнат со донации и кров над глава, тие остануваат да мрзнат на ладното со своите маки и проблеми. 

" data-width="630" data-show-text="true">
" class="fb-xfbml-parse-ignore">

Сограѓани мои, додека вечерва на -2°С ние заспиваме во нашите топли домови, еден човек среде Скопје спие покриен само со...

Posted by Jasmin Redjepi on Wednesday, January 24, 2018

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Трикови со кои ќе го заштите домот од кражби (кога не сте дома), според експерти за безбедност Ако живеете во куќа со двор, важно е да ги осветлите темните места во дворот бид...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...

Најчитани неделава