Забранети фотографии од Северна Кореја - фотографот добил црн печат за влез поради нив


Забранети фотографии од Северна Кореја - фотографот добил црн печат за влез поради нив

Приказот на сиромаштијата, искористувањето на детскиот труд и тешкиот начин на живот не е тоа што сакаат да го покажат на светот лидерите на оваа земја.

fotografii-od-realniot-zivot-vo-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-vo-zemjata-01.jpg

Eric Lafforgue е фотограф кој патува по светот. Тој бил во Северна Кореја 6 пати помеѓу 2008 и 2012 година и за време на неговите патувања успеал тајно да направи фотографии, кои покажуваат каков е навистина животот во оваа земја.

Но, за време на неговата шеста посета бил фатен од властите и му бил забранет влез во државата во иднина затоа што одбил да ги избрише од интернет фотографиите кои ја прикажувале Северна Кореја во лошо светло.

Поголемиот дел од фотографиите од оваа земја се режирани, па ајде да ѕирнеме како изгледа реалноста преку објективот на овој смел фотограф:

Уловено изразување емоции во јавност, појава која не е многу препорачлива таму, плус фотографирање на воено лице, што е строго забрането.

zabraneti-fotografii-od-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-poradi-niv-19 (1).jpg

Децата изгледаат истоштено од сите тие церемонии, плус марамата на едно дете е изместена, а во Северна Кореја се мора да биде во совршен ред.

zabraneti-fotografii-od-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-poradi-niv-21.jpg

Во метрото на Пјонгјанг смеете да фотографирате само ако ви дозволи туристичкиот водич, а само три станици се отворени за странци.

zabraneti-fotografii-od-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-poradi-niv-25.jpg

Забрането е да се сликаат домовите, особено оние кои не се во совршена состојба.

zabraneti-fotografii-od-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-poradi-niv-23.jpg

Во Северна Кореја има тезги со храна, како во цела Азија, но тука менито е многу поскромно и има само една нивна традиционална храна.

fotografii-od-realniot-zivot-vo-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-vo-zemjata-03.jpg

Лидерите не смеат да се сликаат од страна или од грб, па оваа фотографија од статуите на лидерите ги прекршува правилата.

fotografii-od-realniot-zivot-vo-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-vo-zemjata-04.jpg

Стариот рѓосан трамвај говори многу за лошата состојба на јавниот превоз во Северна Кореја, а тоа е недозволиво да се прикаже во оваа земја.

fotografii-od-realniot-zivot-vo-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-vo-zemjata-05.jpg

Северна Кореја има навистина студени зими, а ваквите стари куќи тешко се загреваат.

fotografii-od-realniot-zivot-vo-severna-koreja-fotografot-dobil-crn-pechat-za-vlez-vo-zemjata-06.jpg

Уште 8 фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На кое место во светот би се нашле ако ископаме дупка во земјата по пр... Кога бевме мали, се прашувавме на кое место во светот би се нашле ако ископаме д...
6 начини на кои мирисот влијае на нашата психа Дали сте знаеле дека зајакот има 100 милиони рецептори за мирис, кучето 220 мили...
Што треба да научите во 20-тите за да живеете среќен живот понатаму? Сите сакаат смирен живот исполнет со хармонија и позитивна атмосфера, без стрес ...