Момент на вистината: Како да не паднете на детектор за лаги?

Нервозни сте, ве облева студена пот, па дури и рацете ви се тресат? Не лажете, но страв ви е дека ќе паднете на испитувањето на детекторот за лаги?

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-01.jpg

Сигурно мислите дека никогаш во животот вие нема да се најдете на детектор за лаги, но тоа сепак може да се случи, дури и да не станува збор за сериозно полициско испитување, туку за некоја забавна емисија од типот на квизот „Момент на вистината“, кој беше актуелен во регионот пред неколку години.

Како низ ова искуство да минете достоинствено и успешно:

На кој принцип функционира полиграфот?

Оваа машина ги снима физичките промени што настануваат во вашето тело при одговарање на поставените прашање. Полиграфот ви ги мери пулсот, потењето, ритамот на дишење и притисокот.

Модерните детектори за лаги може да следат и до 50 различни реакции, како што е на пример ширењето на капиларите, кое е инстантна реакција при шокантно прашање.

Експертите тврдат дека интерпретацијата на резултатите е повеќе уметност отколку наука, затоа што во голема мерка зависи од искуството и вештините на испитувачот.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-09.jpg

Како да се подготвите за тестирање на полиграф?

Бидете физички подготвени

Мора добро да се наспиете, да бидете умерено најадени и да носите комфорна облека. Држењето до нормалната рутина не ви предизвикува промени во телото и во срцебиењето.

Пиење кафе или трчање? Сè што правите во нормален ден, направете го и на денот на тестирањето.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-08.jpg

Дозволете си да бидете нервозни

Нервозата е нормална, па дури и ќе ви помогне подобро да минете на тестот. Резултатите на тие што се нервозни на секој одговор, според статистиките, излегуваат најточни.

Но, ако сепак мислите дека вашата нервоза ќе влијае негативно, подгответе се.

Испитувачот ќе ви постави некои обични, контролни прашања и некои важни. Контролните прашања лесно ќе ги забележите затоа што тие се општи и не се однесуваат на конкретната ситуација за која ве испитуваат.

Па, така ако сте смирени при одговарање на контролните, треба да останете смирени и при одговарање на важните.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-07.jpg

Обидете се да не лажете за деталите

Колку подетално ја кажувате вистината, толку подобри резултати ќе имате.

Дури и малите банални лаги на детекторот за лаги може да ви направат проблем.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-06.jpg

Не брзајте

Ислушајте го прашањето до крај, размислете дали добро го разбравте и потоа смирено одговорете.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-05.jpg

Размислувајте на нешто пријатно

Овој метод се смета за успешен, но само кај луѓето кои знаат како да се контролираат себеси.

Ако ви постават прашање и вие сфаќате дека мора да кажете лага, замислете нешто колку што може попријатно за вас.

Направете си безгрижен свет и задржете ја смиреноста. Со пријатни соништа со отворени очи, реакциите на вашето тело ќе бидат идеални.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-04.jpg

Не правете физички трикови

Триковите за предизвикување на негативни реакции на телото од типот на ставање копче во чизмите и згазнување на него во вистинскиот миг или пак гризење на јазикот се забележителни и испитувачите добро ги знаат.

Плус, и полиграфот ја препознава вашата реакција на физичка болка.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-03.jpg

Кога не можете да бидете тестирани на полиграф?

Во некои ситуации резултатите од детекторот за лаги може да бидат погрешни, па така луѓето не треба да бидат тестирани во случај на ментална болест, срцеви заболувања, бременост, болести на респираторниот систем (дури и обична настинка), епилепсија итн.

moment-na-vistinata-kako-da-ne-padnete-na-detektor-za-lagi-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...

Најчитани неделава