Идеи за 8-ми март: Како да одберете подарок кој нема да фаќа прашина на полица?
Денот на жената се наближува, а вие немате идеја како да ја изненадите вашата мајка, баба, пријателка, сопруга, колешка... Што да подарите, односно како да го погодите подарокот кој нема да фаќа прашина на полица? Имаме неколку идеи.

Подароците кои всушност не се физички опипливи подароци се одлична алтернатива – ваучер, појадок во кревет...
Втора опција се работите кои знаете дека секогаш требаат – планер, козметика, добра книга...
Нашите идеи се следниве, а вие одберете си ја омилената:
Убаво осмислен и декориран појадок во кревет

Ваучер за СПА ден, масажа, педикир, маникир

Изненадна посета на винарија и дегустација на вина

Ваучер од омилената продавница за накит/облека/чевли

Наместо свежо цвеќе, купете бонсаи дрвце

Подарете планер на жените со „турбо“ денови и распореди

Никогаш доста од добри книги (може и да подарите добро дизајниран држач за книги во комплет)

Букет од козметика

Кул кујнски ситници кои секогаш недостасуваат

За зимурливите - нешто топло, удобно и меко

И на крај, никогаш нема да погрешите со персонализирана кошница, според интересите. Пример:
За жените кои сакаат да експериментираат во кујна


За коктел ентузијастите

За тазе мајките

Спа-кошница за разгалување

М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации
Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 забавни ситуации во кои ќе се препознаете и себеси и своите колеги
Постојат шефови кои секогаш ветуваат награда за екстра работа, а на крајот се пр...
„Се преселивме во Виетнам на 10 минути од плажа – за сметки и кирија плаќаме 325 € месечно, за храна...
„Живееме во Да Нанг и плаќаме 325 евра за кирија и сметки. Во оваа сума се вклуч...
8 женски имиња за бебиња кои означуваат силна и храбра
За девојчиња кои се родени да бидат силни, храбри и моќни, неколку предлог имиња...
Двојни стандарди од кои ни се крева косата - лицемерни реакции на иста ситуација меѓу мажите и женит...
Околината поинаку „ги суди“ мажите и жените кои не брзаат да стапат во брак. Кои...
„Другарка ме третира како бесплатна дадилка – ми ги остава децата без најава, очекува да им готвам“
„Јас работам од дома и немам деца. Но, не сум во финансиска состојба која ми ово...