Повеќето проблеми потекнуваат од детството: Животни совети што психолозите скапо ги наплаќаат

Во развиените и модерни земји е сосема нормално да се оди на психолог кога имате потреба да разговарате со некого за вашите проблеми.

zhivotni-soveti-shto-psiholozite-skapo-gi-naplakjaat-01.fw.jpg

Но, за советите кои ќе ги добиете, веројатно многу ќе платите, а некои од нив и не се толку посебни и нечуени.

Многу од тие работи за кои ќе ве советуваат веќе ги знаете, но треба да се потсетите на нив.

Па, доколку мислите дека имате некаков проблем, следниве совети, бесплатно ќе ви помогнат да сфатите што се случува.

Размислувајте повеќе за себеси, наместо за туѓите достигнувања

Споредувањето со другите и нивните достигнувања не е никако добра работа. Секој има свои карактеристики по кои се одликува, како и сопствени желби и успеси.

Во ред е да се инспирирате од некого, но да копирате или да патите по нечиј живот – заборавете.

zhivotni-soveti-shto-psiholozite-skapo-gi-naplakjaat-04.jpg

Повеќето проблеми потекнуваат од детството – фокусирајте се на родителите

Какво е нивното однесување и начинот на воспитување? Кои се нивните мотиви?

Постојат голем број на теории кои докажуваат дека одговорот на вашите проблеми потекнуваат од детството.

Сфатете зошто родителите направиле нешто, поминете преку тоа, простете и прифатете се какви што сте.

zhivotni-soveti-shto-psiholozite-skapo-gi-naplakjaat-02.jpg

Останатите проблеми доаѓаат од главата

Внатрешните мисли со кои се измачувате што сте требале да направиле немаат никаква корист.

Некои работи се случуваат зависно од моменталните околности и нема што да направите ниту промените.

Затоа, смислувањето мотиви и оправдувања е само создавање на непотребни проблеми.

Повеќе зборувајте за вашите чувства, помалку проценувајте ги туѓите

Наместо сами да ја проценувате ситуацијата која се случила, отворете се и зборувајте за вашите чувства.

Кажете каде згрешила другата личност и дајте шанса да се поправи.

zhivotni-soveti-shto-psiholozite-skapo-gi-naplakjaat-03.jpg

Излезете од комфор зоната

Не чекајте работите да ви паѓаат од небо и да ви се исполнуваат желбите што ги сакате седејќи дома.

Ако сакате да си најдете партнер – излегувајте на состаноци и прифаќајте предлози, ако сакате подобра работа – ризикувајте и одете на интервјуа.

Не седете во комфор зоната засекогаш – прифатете промени.

Поставете граници и не дозволувајте да се преминат

Многу често луѓето кои имаат потреба од совети, сакаат да најдат решение за проблемите во комуникација и однесување со други луѓе.

А, советот е следниот – поставете граници кои нема да дозволите никој да ги премине.

Ако толерирате нечиј став, ништо нема да се промени. Поставете строги правила со кои луѓето ќе ве почитуваат.

Размислете за тоа што сте го научиле од тешката ситуација

Секоја стресна ситуација има излез и решение, но важно е да ја научите лекцијата од секоја таква.

Сте стекнале ново искуство, независно какво е, и треба да го искористите на правилен начин.

zhivotni-soveti-shto-psiholozite-skapo-gi-naplakjaat-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
10 особини кои ја откриваат жената што имала животни предизвици (и е вистинска лавица) Оваа жена научила дека сопствениот мир е важен. Затоа знае кога да каже „не“ и н...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
Надреални фотки кои покажуваат колку е чудна природата Сте виделе ли ембрион од пајак? А мравјалник издлабен во дрво или, пак, најголем...
Трикови и совети кои ќе ви помогнат да заштедите (ги применуваат и богаташите) Ако во моментот имате многу пари, не значи дека треба да ги потрошите сите на ск...

Најчитани неделава