15 знаци дека сте престроги кон себеси и не го живеете животот во целост

Дали некогаш ви се случило да постигнете нешто, но сепак да не сте задоволни, бидејќи сметате дека секогаш можете подобро?

15-znaci-deka-ste-prestrogi-kon-sebesi-i-ne-go-zhiveete-zhivotot-vo-celost-01.jpg

Или можеби, се обвинувате себеси за сите лоши работи кои ви се случиле и водите постојана борба за да се засакате самите себе.

Доколку сте затворени во себе, не ги славите вашите победи, се плашите и не знаете како да уживате во животот, веројатно сте престроги кон себеси.

Ако се пронајдете и во следниве неколку описи, тоа значи дека веднаш треба да омекнете и да си дозволите да го живеете животот во целост, да почнете да се сакате сами себе и да се вреднувате повеќе.

15 знаци дека Претерувате и се спречувате да бидете среќни:

1. Не го славите вашиот успех бидејќи мислите дека имате уште за достигнување или дека не сте толку успешни колку што треба.

2. Се обвинувате себеси за секоја лоша работа што ќе ви се случи во животот без да ги земете предвид другите фактори и луѓе кои се вклучени во проблемот.

15-znaci-deka-ste-prestrogi-kon-sebesi-i-ne-go-zhiveete-zhivotot-vo-celost-02.jpg

3. Кога се анализирате себеси, ги гледате само вашите недостатоци и неуспеси и се чувствувате некомпетентно.

4. Уште има многу работи од минатото за кои се каете и кои не може да ги преболите и заборавите, а се обвинувате дека животот ќе ви бил подобар, ако сте донесе подобри одлуки.

5. Се чувствувате како да не заслужувате безусловна љубов бидејќи ви е тешко да се сакате самите себе и не гледате како некој друг би ве засакал.

15-znaci-deka-ste-prestrogi-kon-sebesi-i-ne-go-zhiveete-zhivotot-vo-celost-03.jpg

6. Потешко ви е да прифатите комплименти и пофалби бидејќи секогаш размислувате на тоа уште колку имате да достигнете, наместо на тоа колку далеку сте стигнале.

7. Се плашите да им се отворите на луѓето или да ги пуштите во вашиот живот бидејќи не мислите дека некој би останал кога ќе ве запознае вистински.

8. Секогаш правите сè за другите луѓе и се претрупувате со обврски бидејќи се чувствувате виновно ако одбиете некој и мислите дека ќе се свртат против вас.

15-znaci-deka-ste-prestrogi-kon-sebesi-i-ne-go-zhiveete-zhivotot-vo-celost-04.jpg

9. Тоа што секогаш мислите дека можете подобро, прави да се чувствувате лошо и влијае негативно на самодовербата.

10. Не знаете како да бидете љубезни кон себеси. Не знаете како да се релаксирате, како да се вреднувате, или како да си простите.

11. Премногу се грижите и мислите на најлошиот исход од секоја ситуација, бидејќи вашиот мозок е програмиран да ги бира најтешките битки.

12. Им давате шанса на луѓето да се однесуваат лошо со вас или да ве критикуваат бидејќи вие веќе сте само-критично настроени, па кога некој ќе ви го потврди тоа, не застанувате на сопствената страна.

13. Имате проблем со спиењето бидејќи постојано мислите на сè и таквите мисли ве исцрпуваат.

14. Мислите дека тоа што сте строги кон себе ве турка нанапред, но всушност ве враќа назад, бидејќи не знаете да ги цените добрите работи за вас и се држите до мислите кои ве носат надолу.

15. Понекогаш очекувате луѓето да бидат строги со вас, па им дозволувате да ве повредат без ништо да направите.

15-znaci-deka-ste-prestrogi-kon-sebesi-i-ne-go-zhiveete-zhivotot-vo-celost-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
16 фото-докази дека има моменти во животот кои се посмешни од циркус „Дента кога тргнав за на колеџ, моите ми дадоа купче пари - сите банкноти кои ма...
„Го мразев животот во Дубаи – наместо да уживам, работев 80 часа неделно, за плата со која едвај пре... Натали од Англија се преселила во Дубаи на само 18 години, откако добила работа ...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...

Најчитани неделава