„Не носете одлуки за туѓо задоволство“: Животни совети собрани од искуството низ годините

Многупати кога младите слушаат совети од повозрасните знаат да превртат со очите и да ги игнорираат.

zhivotot-e-podobar-po-50-tata-zhivotni-soveti-sobrani-od-iskustvoto-niz-godinite-01.jpg

Но всушност, колку и да звучат нереално во моментот, тие од искуството што го собрале во текот на годините, ни пренесуваат мудри совети кои вреди да ги послушате.

Доколку послушате и примените барем дел од нив, со сигурност ќе бидете благодарни во иднина, кога ќе знаете дека сте научиле од грешките на другите.

За да не се каете, прочитајте и „всадете“ го во глава тоа што 50-годишен човек го знае, а 20-годишен треба да го научи:

1. Бидете љубезни. Бенефитите од љубезностата се многу поголеми од трудот кој ќе го вложите за да го постигнете тоа. Правете случајни љубезни дела. Дајте комплимент некому. Ако некој направи грешка, имајте разбирање и трпение. Љубезните луѓе живеат подолго.

2. Се познавам себеси подобро од било кој друг. Не дозволувам ничии мислења да го контролираат тоа што го правам, што го слушам или кажувам. Мислењето на другите луѓе е само предлог – прифатете ги или игнорирајте ги.

3. Сите други се загрижени и несигурни како и вас. Некои луѓе само го кријат тоа подобро. Тоа не значи дека се попаметни или подобри од вас.

4. Смејте се. Ако направите грешка, доживеете неуспех, или направите нешто глупаво, насмејте се на своја сметка. Ќе го заборавите полесно ако така го пребродите. Сите прават грешки. Не сте сами. Не бидете толку строги кон себе.

5. Да се вклопите во околината е преценето и непотребно. Бидете свои. Довербата е секси. Плус, големите лидери не стигнале каде што треба, така што ја следеле толпата.

6. Не ги одржувајте лошите врски, дури и ако е „заради децата“. За децата е полошо да живеат во токсична средина.

7. Не се грижете за предметите – тие се кршат, или понекогаш се уништени од блиските луѓе. Но, предметите може дa се заменат. А, зборовите со кои ќе ги повредите луѓето кои ви ги скршиле работите не се бришат. Предметите никогаш не се поважни од луѓето кои ги сакате.

8. Веројатно сте многу попаметни отколку што покажувате и не си давате заслуги за тоа.

9. Не осудувајте. Не ги знаете сите факти. Сите правиме понекогаш нешто лошо и имаме лоши навики. Некој можеби има причина за тоа што вие го осудувате. Многу посилна од вашето мислење.

10. Никогаш не го напуштајте детето во вас. Играјте. Пејте. Прескокнувајте. Кажувајте шеги. Спуштајте се по лизгалки. Скокајте на душек. Ова е предноста да се биде возрасен. Кога имате 20 години, мислите дека сте големи за вакви работи. Но, на 50, тоа е шармантно и слатко.

11. Не носете големи животни одлуки за да ги задоволите другите луѓе. Можеби вашите родители очекуваат нешто од вас, но ако вие имате други интереси, следете ги. Живејте за вас.

12. Уживајте во животот. Буквално, застанете и мириснете ги цвеќињата на патот. Истражувајте. Насмевнете им се на непознати и видете колку од нив ќе ви возвратат. Забавувајте се на секој начин.

13. Животот поминува многу брзо. Живејте го секој ден така што на крајот, ќе се зачудите колку прекрасен живот сте имале, без да жалите за работите што сте ги направиле или не сте ги направиле.

14. Животот е подобар на 50 години.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
10 комични ситуации во кои може да се најдете кога пробувате да следите совети од интернет Во време кога сите имаме интернет, но и во време кога сите „делат совети“ кои „д...
6 големи разлики меѓу животот во стан и куќа, низ забавни илустрации Чистењето на станот многу зависи од „куќниот ред“ во зградата и времето за одмор...
Најчудно послужени оброци низ светот – ќе ве остават во прашалници наместо да ве примамат (фото) Би пробале ли помфрит послужен во лопата? Или специјалитет сервиран во сад за хр...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
6 безбедносни совети кои можат да ви го спасат животот Што да правите ако сте во автомобил на раб на бездна или, пак, ако паднете во бр...

Најчитани неделава