12 работи кои е подобро да ги правите пред спиење, наместо наутро

Вежбањето, бирањето на аутфит за наредниот ден, читањето на белешките за на работа се само дел од активностите кои е подобро да ги правите навечер.

12-raboti-koi-e-podobro-da-gi-pravite-navecher-namesto-nautro-01.jpg

Дали некогаш сте се нашле во ситуација кога сте рекле: „Ќе размислам за тоа утре“? Дали можеби мислите дека туширањето наутро е најдобро?

Некои работи дефинитивно е подобро да ги правите пред спиење, наместо да ги оставате за следното утро, а ова се дел од нив:

Јадење месо или урда

Ако не јадете неколку часа пред да си легнете, тогаш нема да имате добар сон. Месото и урдата содржат многу протеини и триптофан, аминокиселина која придонесува за добар сон.

Ако легнете гладни, ќе страдате од инсомнија и следниот ден ќе ви биде потребен многу обилен појадок.

12-raboti-koi-e-podobro-da-gi-pravite-navecher-namesto-nautro-02.jpg

Пешачење

Пешачењето пред да си легнете ќе ви помогне да се ослободите од сите грижи што сте ги имале во текот на денот. Уживајте во тишината и размислувајте за насоката во која се движи вашиот живот.

Нови идеи и решенија за проблемите може да ви паднат на ум кога пешачите навечер. Ова го практикува и Марк Закерберг.

12-raboti-koi-e-podobro-da-gi-pravite-navecher-namesto-nautro-03.jpg

Размислување за план за акција за наредниот ден

Наутро сте во брзање и може да заборавите навистина важни работи, па затоа најдобро е ако сакате одговорен и смирен тек на животот, планот за акција за наредниот ден да го смислите навечер, па можете дури и да го запишете.

Планирањето ќе направи да бидете смирени наутро и да не се најдете во ситуација да мора да импровизирате.

12-raboti-koi-e-podobro-da-gi-pravite-navecher-namesto-nautro-04.jpg

Проветрување на собата

Некои истражувања покажаа дека ако спиете во проветрена, постудена соба, тогаш вашиот метаболизам работи побрзо затоа што треба да произведе енергија за да го затопли вашето тело.

Отворете го прозорецот додека спиете, се разбира малку, не за да се смрзнете.

12-raboti-koi-e-podobro-da-gi-pravite-navecher-namesto-nautro-05.jpg

Подготвување на аутфит за наредниот ден

Ако сè ви е подготвено, ќе заштедите време и енергија наутро. Ќе избегнете носење одлуки под притисок и ќе имате најмалку 15 минути повеќе за уживање во шолја кафе.

Исто така, можете навечер да си подготвите сендвичи за на работа.

12-raboti-koi-e-podobro-da-gi-pravite-navecher-namesto-nautro-06.jpg

Јога и медитација

Со јога пред спиење ќе ги доведете вашите мисли и емоции во ред. Практикувајте го ова барем 10 минути затоа што и сами знаете дека утрото нема да го сторите со оправдување дека немате доволно време.

По оваа вежба ќе ви биде многу полесно да заспиете.

12-raboti-koi-e-podobro-da-gi-pravite-navecher-namesto-nautro-07.jpg

Уште 6 совети на следната страна...



Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
„Губење“ време и уште 9 работи што сите треба да ги правиме почесто Денес, кога сè околу нас се случува пребрзо и неретко немаме ни време да здивнем...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg