Првите имиња на бендовите

Популарните бендови eдвај успеаа да не завршат со смешни имиња, кои можеби повеќе лошо ќе влијаеа на нивата слава и уште на самиот почеток ќе беа осудени...

 

...на пропаст. Некои ќе реча дека ни овие имиња не се посебно креативни, но сепак се многу подобар избор од првите предлози.

Spice Girls = Touch

"Зачинетите" девојки на самиот почеток на кариерата го носеа името Touch. Гери, Викторија и Мелани тогаш веќе беа во група, заедно со Лиен Морган и Мишел Стивенсон. Караниците помеѓу девојките доведе до измена на двете членки и така пристигнаа Ема и Мел Ц, а новиот менаџер бараше и ново име. Така The Touch станаа Spice Girls.

Beatles = Quarrymen

Легендарните Битлси настанаа со текот на годините. Џон Ленон во 1956 година ја основа групата The Quarrymen, а година дена подоцна пристигнува и Пол Мекартни, а потоа и Џорџ Херисон. Дошло до промена на името: прво "Johnny and the Moondogs" а дури потоа "The Silver Beatles".

Coldplay = Starfishprvite-iminja-na-bendovite

Тројцата момци од Колдплеј своите први концерти во Велика Британија ги отсвираа под името Starfish. Цимерот на Крис Мартин тогаш бил член на група која се викала Coldplay, но барале ново име. Тогаш Мартин го превзема отфрленото име на својот цимер и започна со освојувањето на светската музичка сцена.

Oasis = The Rain

Друштвото кое се нарекуваше "The Rain" се преименува со доаѓањето на браќата Галагер во Oasis. Името наводно го предложил Лиам Галагер кој со својот стар бенд свирел во Oasis Leisure. Називот толку многу му се допаѓал што веднаш ја наговорил групата на промена на името.

U2 = Feedback

Популарните рокери никако не можеле да се договорат околи називот на групата. Сепак, групата која ја започнал Лери Мулен Џуниор првин се викала Feedback, за по заминувањето на Ричард Еванс да се премни името во Тhe Hype.

Би можело да ве интересира:

Стереотипи во кои луѓето погрешно веруваат за 7 различни професии, низ илустрации Мит 1 - задача на стјуардесите е да ги услужуваат патниците. Вистина - нивна гла...
Вистински бисери, винтиџ сет за трпезарија - 14 луѓе кои пронајдоа богатство во продавници од втора ... „Ќерка ми најде винтиџ комплет од Victoria’s Secret. На него пишува дека е од 19...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
Луѓето кои биле во култ откриваат кога сфатиле дека се заробени „Мислам дека отсекогаш знаев, но решив да си заминам кога постарите членови ми р...
Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg