10 Причини зошто да почнете да учите италијански јазик

За многу луѓе, најтешкиот чекор при учењето на нов јазик е всушност самото одбирање на јазикот кој сакаат да го усовршат. Ние ќе ви олесниме – одберете италијански!

10-pricini-zosto-da-pocnete-da-ucite-italijanski-jazik-2-001.jpg

Зошто баш италијански? Што го издвојува овој јазик од сите останати?

1. Одличен е за напредок во кариерата

Живот и работа во Италија? Звучи совршено нели?

Интернационалните компании отвораат канцеларии низ цела Италија и бараат вработени кои течно зборуваат италијански, покрај англиски.

2. Лесен е за учење

Велат дека италијанскиот јазик се учи и совладува мошне брзо. Нема комплицирана граматика и лесно влегува во уши.

10-pricini-za-da-pocnete-da-ucite-italijanski-jazik-01.jpg

3. Отвора врати кон други јазици

Кога еднаш ќе го совладате италијанскиот, со голема леснотија ќе започнете да разбирате шпански и француски, на пример.

4. Се наоѓа во секојдневието

На пример, кога сте на љубовен состанок во италијански ресторан и сакате да ја импресионирате личноста кон која имате симпатии, ќе се изненадите колку многу италијанскиот ќе ви помогне.

10-pricini-za-da-pocnete-da-ucite-italijanski-jazik-02.png

10-pricini-za-da-pocnete-da-ucite-italijanski-jazik-03.jpg

5. Станувате попаметни

Многу од истражувањата потврдуваат дека учењето на нови јазици ги развива когнитивните функции на мозокот и ја зајакнува менталната флексибилност.

6. Ви отвора нови културни хоризонти

Некои од најпознатите имиња во светот на уметноста потекнуваат токму од Италија. Што имаат заедничко Данте, Да Винчи и Микеланџело? Веќе знаете. Многу е полесно да ги истражите и доживеете нивните ремек-дела доколку го знаете нивниот јазик.

7. Патувањето станува полесно

Кога патувате низ Италија и притоа го знаете нивниот јазик, можете да запознаете многу локалци кои ќе ви откријат локации кои обичните туристи не ги ни знаат, а ако се љубезни може и да ве научат како да заштедите некое евро.

10-pricini-za-da-pocnete-da-ucite-italijanski-jazik-7.jpg

8. Може лесно да се занимавате со музика

Италијанскиот јазик е познат како најмузикален јазик.

9. Придобивка за вашето здравје!

Со оглед на тоа што учењето нов јазик позитивно влијае на мозокот, целосното ментално здравје ви се подобрува, а стареењето на мозокот се забавува.

10. Забавно е!

Едноставно кажано, италијанскиот е забавен јазик. Само слушнете двајца Италијанци како си го раскажуваат секојдневието – веднаш ќе посакате и вие да звучите така.

Потоа конечно ќе можете да живеете „la dolce vita“ на фантастична италијанска локација, со вино во рака и даска полна неодоливи сирења.

Доколку успеавме да Ве убедиме, за повеќе информации обратете се во Italianissimo и започнете со часовите уште веднаш!

10-pricini-za-da-pocnete-da-ucite-italijanski-jazik-8.jpg

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...

Најчитани неделава