Прчење, гризење, стискање: Какви сигнали праќаат усните за туѓите мисли и чувства?

Доколку сакате да дознаете како соговорникот се чувствува, или, пак, што мисли за вас, само набљудувајте ја положбата на неговите усни. Без ни изустен збор, тие ќе ви откријат сѐ. 

prchenje-grizenje-stiskanje-kakvi-signali-prakjaat-usnite-za-tugjite-misli-i-chuvstva-1.png

Положбата на усните открива многу за мислите и чувствата на нашите соговорници. Па, ако им обрнете внимание, лесно е да донесете заклучоци, кои можеби не би ги извеле од зборовите.

prchenje-grizenje-stiskanje-kakvi-signali-prakjaat-usnite-za-tugjite-misli-i-chuvstva-2.gif

Во продолжение, прочитајте каков сигнал праќаат различните положби на усните:

Прчење на усните

Најчесто е знак е дека личноста со која разговарате не се сложува со вас. Благо напрчените усни, вообичаено сигнализираат дека соговорникот има формиран став во главата, којшто противречи на она кое во дадениот миг го говорите вие. Колку повеќе ги прчи усните, толку помалку се согласува со вашето мислење.

prchenje-grizenje-stiskanje-kakvi-signali-prakjaat-usnite-za-tugjite-misli-i-chuvstva-3.gif

Гризење на усните

Ако личноста нежно ја загризе усната, тоа е сигнал дека нешто сака да ви соопшти, но од некоја причина се колеба. Потполно сеедно е дали ја грицка горната или долната усна. Колку посилно ја загризува, толку повеќе се воздржува да ги изговори зборовите, заради кои можеби ќе се покае.

prchenje-grizenje-stiskanje-kakvi-signali-prakjaat-usnite-za-tugjite-misli-i-chuvstva-4.gif

Стискање на усните

Ова е јасен знак дека личноста не сака да зборува на одредена тема, ама свесна е дека многу веројатно ќе мора да го направи тоа. Па, доколку разговарате со личност од која сакате да извлечете некаква информација, тогаш е вистинското време е да ја притиснете. Луѓето најчесто ги стискаат усните непосредно пред признанието.

prchenje-grizenje-stiskanje-kakvi-signali-prakjaat-usnite-za-tugjite-misli-i-chuvstva-5.gif

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 психолошки трикови заради кои луѓето ќе веруваат дека читате мисли, низ илустрации Знаете ли дека очите издаваат дали некој се обидува да ве излаже или пак се прис...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
7 начини да престанете да ги сфаќате работите лично Прифатете дека вашата вредност како човек зависи само од вас, а не од работите ш...
Како да препознаете отровни змии и како да избегнете напад? Генерално, отровните змии имаат триаголна форма на главата, а неотровните змии и...
Верувате ли дека ангел чувар нѐ следи насекаде? Знаци дека е во близина и ве чува Некои луѓе веруваат дека нивниот ангел чувар е духовно суштество кое работи за н...
Не ѝ се враќајте на жена што ве изневерила и уште 11 правила на успешните мажи Слушајте, со главата климајте горе-долу во знак на одобрување и најважно од сè -...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg