Имате повеќе време од што мислите: Сурови вистини со кои луѓето не сакаат да се соочат


Имате повеќе време од што мислите: Сурови вистини со кои луѓето не сакаат да се соочат

Очигледно, на луѓето им е полесно кога веруваат во работи кои не се вистина, бидејќи така подобро се справуваат со животот.

imate-povekje-vreme-od-shto-mislite-surovi-vistini-so-koi-lugjeto-ne-sakaat-da-se-soochat-01.jpg

Но, всушност, реалноста е сурова и добро е да бидеме свесни за тоа.

Независно колку добро сте образовани или колку ви се проширени хоризонтите, сепак постојат мали работи во кои одбивате да верувате.

Сепак, длабоко во себе знаете која е вистината, а во продолжение ве потсетуваме на неколку сурови вистини со кои е време да се соочите:

Повеќето ваши спомени се лажни

Мозокот често знае да си поигра со нас и да ги изманипулира и измеша нашите сеќавања. Многу често не го помните самиот настан, туку последното сеќавање на него, а со секое повторување и потсетување – „сцената“ во нашата глава може да се промени, слично како со играта „расипан телефон“.

imate-povekje-vreme-od-shto-mislite-surovi-vistini-so-koi-lugjeto-ne-sakaat-da-se-soochat-02.jpg

Немаат сите исти услови за живот

Можеби за некого е тешко да го сфати или да се помири со тоа, но има луѓе кои живеат многу тежок живот.

Некој е роден во сиромашни услови и мора да го напушти училиштето за да заработи за леб, додека некој друг го имал најдоброто образование и наследил корпорација.

Логично е да се претпостави кој ќе биде поуспешен, иако постојат исклучоци на ова правило, но сепак се ретки.

На никој не му треба некој кој не си е потребен себеси

Чекајќи го принцот на бел коњ, голема е шансата да остарете сами и несреќни, па затоа, само вие можете да си помогнете себеси.

Важно е да се сакате и почитувате себеси и да не ја префрлате одговорноста за вашиот живот на некој друг, во спротивно, ќе бидете среќни само кога имате некој покрај вас, а кога сте сами ќе бидете тажни.

Затоа, научете да се цените себеси, да живеете среќно со себеси за да може некој тоа да го забележи, а не да седите сами и да чекате некој да се појави.

Ништо на светот не се добива без труд

Дури и ако изгледате совршено, ако сте паметни, образовани и имате добар карактер, сепак тоа не значи дека светот ќе ви ги отвори сите врати.

Успешните луѓе знаат дека имаат две опции – да се жалат за сопствениот живот бидејќи заслужуваат повеќе, или да се борат за она што сметаат дека го заслужуваат, знаејќи дека борбата нема да биде воопшто лесна.

imate-povekje-vreme-od-shto-mislite-surovi-vistini-so-koi-lugjeto-ne-sakaat-da-se-soochat-05.jpg

Имате повеќе време од што мислите

Сите понекогаш посакуваме денот да трае подолго за да може да ги завршиме сите обврски што сме ги замислиле, но најчесто тоа завршува така што се жалиме дека не сме стигнале нешто да направиме (додека лежиме во кревет пред телевизор).

Но, всушност, во денот има доволно часови и има време за сè, но потребно е подобро да се менаџира истото.

Важно е да се постават приоритети и да се направи добра организација, па со малку труд, ќе се заврши сè.

imate-povekje-vreme-od-shto-mislite-surovi-vistini-so-koi-lugjeto-ne-sakaat-da-se-soochat-06.jpg

Животот никогаш нема да ви биде совршен

Во животот ништо не е совршено – не постои „правилно“ време за да се венчате, или за да имате деца, да ја промените работата или да се преселите.

Едноставно, не треба да го чекате вистинскиот момент заради стравот од промени и понекогаш треба да ризикувате, бидејќи во иднина може да зажалите што не сте ги искористиле шансите навреме.

imate-povekje-vreme-od-shto-mislite-surovi-vistini-so-koi-lugjeto-ne-sakaat-da-se-soochat-07.jpg

Животот не е фер

Не секогаш ќе бидете наградени за добрата работа, а ако сте љубезна и грижлива личност, не мора да значи дека еден ден некој нема да ве остави на цедило.

Некогаш, дури може и да бидете „казнети“ за добрината и не секогаш ќе ви биде вратено со добро.

Не ви е секогаш неопходна туѓа помош во тешки моменти и тоа не значи дека животот е лош, едноставно не барајте премногу од него.

Личноста која има најголема шанса да ве „убие“ сте самите вие

Понекогаш, не иако сме свесни, ги игнорираме последиците од лошите секојдневни навики, злоупотребувањето на сообраќајните правила и слични ситуации кои може да ни наштетат.

Па, сосема е разбирливо дека многу од нив може да имаат трагичен резултат и мора да се соочиме со тоа, да го сфатиме сериозно и да почнеме да водиме поголема грижа за нашиот живот.

imate-povekje-vreme-od-shto-mislite-surovi-vistini-so-koi-lugjeto-ne-sakaat-da-se-soochat08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Работи што не сте ги знаеле за Канада и причини зошто луѓето сакаат да... Можеби кога ќе се спомне Канада, помислувате на ладна земја во која животот не е...
„Направи сам“ проекти, јавен превоз, список за пазарење: Навики на луѓ... На листата на најтешки работи во животот кои треба да ги научите, секогаш има ме...
Страв од готвење и нови јадења: Чудни фобии од храна кои ги имаат луѓе... Постојат различни типови на фобии, односно стравови од нешто кои луѓето ги имаат...

Најчитани неделава