Зошто има живот на Земјата?

zosto-ima-zivot-na-zemjata-povekjeАтмосферата на Венера е премногу топла и тешка за да може да се створи и одржи живот, додека пак атмосферата на Марс е премногу тенка и ладна.

 

Тоа ја остава Земјата избалансирана помеѓу двата соседни екстреми.

Кои се карактеристиките што ја прават Земјата совршена за создавање и одржување на живот?

zosto-ima-zivot-na-zemjata

  • Правите состојки: На планетата и треба вода, извор на енергија и хемиски градливи елементи како јаглерод, кислород, водород и хидроген, за да можат нам познатите живи форми да успеат.

  • Правата кора: Гасовитите џинови и растопените светови не се сметаат. За среќа, Земјата поседува соодветна дистрибуција на елементите за да обезбеди загреано јадро и карпеста ‘прекривка’.

  • Правата температура: Потребата за вода во течна состојба исто така значи дека температурата на планетата треба да и овозможи на водата да остане во течна состојба.

  • Правата месечина: Нашата голема месечина ја обезбедува стабилноста на климата намалувајќи го влијанието на промените од планетарниот нагиб. Доколку нашата планета нема нагиб, тогаш нема да има ни годишни времиња, и спротивно, доколку има поголем нагиб тогаш би се соочиле со екстремни годишни времиња.

  • Правата ѕвезда: Сонцето и ја обезбедува на Земјата потребната енергија за живот, и можеме да кажеме дека таа енергија е доста стабилна. Замислете како би било да печете нешто во рерна која во секој момент може да качи температура или да експлодира.

  • Правото јадро: Земјиното цврсто внатрешно јадро и течното надворешно јадро играат клучна улога во заштита од смртоносна соларна радијација. Разликите во температурата и составот на овие две јадра го создаваат заштитното електромагнетно поле на Земјата.

  • Правите соседи: Јупитер ја штити Земјата од постојаните ѕвездени бомбардирања. Научниците предвидуваат дека без овој гасовит џин, Земјата ќе биде изложена на 10.000 повеќе напади од астероиди и комети.

Па затоа, бидејќи немаме каде на друго место да одиме, време е да се посветиме на заштита на околината во која живееме и да создадеме поубав живот за нас и за идните генерации!

Би можело да ве интересира:

Им паѓале заби и умирале во агонија бидејќи работеле со радиоактивна боја: Тажната приказна за „ради... Во 1920-тите, за младите девојки од Америка било премија да работат во фабрика к...
Трагичниот живот на некогашниот најтежок човек на светот – Имал 400kg, 7 години не излегол од дома п... Рики Напути, кој важеше за најтешкиот човек на светот, цели три години пробувал ...
„Ослабев 50kg со Оземпик - кога престанав да го користам, си ги вратив килограмите за 4 месеци“ „Јас сум меѓу првите луѓе во Британија кои користеле Оземпик. Почнав во 2022-ра,...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg