Нов „тренд“ во светот: Луѓето купуваат облека за да се сликаат за Инстаграм, па ја враќаат

Дали социјалните мрежи почнаа да ни го диктираат темпото на живот? Дали и вие чувствувате дека наметнуваат преголем  притисок врз голем дел од луѓето?

nov-trend-vo-svetot-lugjeto-kupuvaat-obleka-za-da-se-slikaat-za-instagram-pa-ja-vrakjaat-01.jpg

За да изгледаат модерно сè поголем е бројот на луѓе кои купуваат облека онлајн, а по еден ден ја враќаат, откако ја направиле совршената фотографија за на Инстаграм во неа.

nov-trend-vo-svetot-lugjeto-kupuvaat-obleka-za-da-se-slikaat-za-instagram-pa-ja-vrakjaat-04.jpg

Од феноменот „аутфит на денот“ за на Инстаграм најмногу се заразени мажите и жените на возраст од 35 до 44 години. Интересно е што поголем процент од луѓето што го прават ова се мажи, покажува едно британско истражување.

nov-trend-vo-svetot-lugjeto-kupuvaat-obleka-za-da-se-slikaat-za-instagram-pa-ja-vrakjaat-02.jpg

Луѓето сакаат да оддадат впечаток дека се модни икони и не си дозволуваат да бидат два пати видени во истата облека на социјалните мрежи. Овој нов „тренд“ влијае негативно врз модните брендови, кои добиваат назад веќе облечени парчиња облека.

nov-trend-vo-svetot-lugjeto-kupuvaat-obleka-za-da-se-slikaat-za-instagram-pa-ja-vrakjaat-03.jpg

Изгледа како светот полека комплетно да полуде од социјалните мрежи. Се разбира, и Македонија не заостанува многу во овој поглед.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
„Отидов во Дубаи со ветување за работа и нов живот – станав жртва на трговија со луѓе“ „Кога стигнавме во Дубаи, ни кажаа дека нема работа, но дека должиме илјадници д...
„Поминав 11 години во затвор за ’убиството‘ на моето новороденче – келнерка што не ја познавав докаж... „Три дена откако се роди ќерка ми, забележав некаква испакнатина на челото, како...

Најчитани неделава